Поранешниот сопруг, девер и свекор обвинети за убиство на манекенката Аби Чои, главата пронајдена во тенџере за супа

Добивај вести на Viber

Четири члена од едно семејство се обвинети за грозоморното убиство на манекенката од Хонг Конг, Аби Чои. Тие веќе се уапсени, и се појавиле во судот откако полицијата соопшти дека пронашла делови од нејзиното распарчено тело, објави Си-Ен-Ен.

За нејзиното убиство обвинети се поранешниот сопруг на Чои, Алекс Квонг (28), неговиот брат Ентони (31) и нивниот татко Квонг Кау (65). Мајката на Алекс Квонг, Џени Ли (63) е обвинета за изопачување на текот на правдата, пренесуваат медиумите.

На сите четворица им беше одбиена кауцијата, одлучи градскиот суд во Коулун, тие допрва треба да се изјаснат.

Во неделата, инспекторите идентификуваа череп, неколку ребра и коса, за кои се верува дека се останки на Чои, во голем сад за супа од нерѓосувачки челик, соопшти полицијата. Други делови од телото, вклучително и торзото и рацете на Чои, остануваат исчезнати. Повеќе детали читајте на Фактор.мк


Фото: Youtube - screenshoot