Поранешното момче на познатата старлета удри во куќа: Автомобилот е целосно уништен (ФОТО)

Неговиот луксузен автомобил е целосно уништен

Американскиот комичар и поранешно момче на риалити ѕвездата Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон доживеа страшна сообраќајна несреќа, пренесува „TMZ“.


Дејвидсон возел со несоодветна брзина низ „Беверли Хилс“, а извори блиски до комичарот за странските медиуми изјавиле дека Пит од непознати причини изгубил контрола над возилото и отишол преку тротоарот.

Потоа удрил во противпожарен хидрант, но и удрил во една од куќите. Неговиот луксузен мерцедес е целосно уништен, а помали оштетувања се забележуваат и на куќата.

Фото: APEX MEGA The Mega Agency Profimedia

Во автомобилот со комичарот била и неговата девојка Чејс Суи Вондерс. Повредени нема, а полицијата веднаш по инцидентот пристигнала на местото на несреќата. „TMZ“ дознава дека Дејвидсон не бил под дејство на дрога или алкохол, а истрагата сè уште е во тек.

Извор: www.espreso.co.rs