Порано Мис, сега слаткарки и банкарки: Кои се најубавите македонки со титула?

Добивај вести на Viber

За дваесет и две години, колку што Македонија ја поседува лиценцата за избор за Мис на Македонија за Мис на светот, на светскиот избор за убавина сме испратиле само 14 девојки, а сме паузирале осум години.

Лиценцата е во сопственост на Лидија Велковска, поранешна Мис на Југославија, која во 1975 година на Mис на светот во Лондон, го освои четвртото место. И годинава, како што рече Велковска, „од икс икс икс причини“, Македонија повторно ќе го скокне Мис на светот, трета година по ред.

Во меѓувреме, ве потсетуваме на сите досегашни наши Мис. Само мал дел од нив, изградија успешна манекенска кариера.

Првата Мис на Македонија за Мис на светот.- Вера Мештеровиќ

Прва Мис која замина на светскиот избор за убавина е Вера Мештеровиќ, во 1996 година. Таа денес се занимава со маркетинг и е заштитно лице на познати брендови. Лани, Вера се разведе од фудбалерот Игор Кралевски со кого има две деца. 

По пауза од неколку години, ја наследи Сандра Спасовска во 2001, па нејзината сестра, Јасна Спасовска во 2002 која работеше во домашен телекомуникациски оператор. 

Марија Васиќ се откажа од манекенската кариера и ѝ се посвети на стоматолошката 

Стоматологот Марија Васиќ беше Мис на Македонија во 2003. Марија Васиќ одамна се повлече од манекенската кариера и им се посвети на медицината и на семејството. 

Сара Леши, која сега е мајка и е мажена во САД е Мис на Македонија за 2004 година.  Милена Станивуковиќ беше најубава за 2005 година, сега е економист и вработена во една скопска банка.

 Познатата актерка Јана Стојановска беше наша Мис на 2007 година

Во 2006 година, таа ѝ ја предаде круната на Марија Вегова. Познатата актерка Јана Стојановска беше наша Мис на 2007 година. Неодамна, за Женски магазин изјави дека тоа ѝ е драго искуство што ќе го памети. 

Мис за 2009 година беше Сузана Ал Салкини, откако поради немање финансии во 2008 година, ораганизаторката не ја испрати на светскиот избор во Јужна Африка. Салкини имаше успешна манекенска кариера во Македонија и во странство. Неколку години работеше во Дубаи, а сега работи во маркетинг агенција.

Градеше кариера како модел во Дубаи.- Сузана Ал Салкини

Стефани Борсова е Мис за 2010 година. Борсова е поранешна балерина. Сега е мажена во српскиот град Смедерево и се занимава со семеен, угостителски бизнис. Нејзиниот сопруг е сопственик на слаткарница. 

Поранешна балерина и Мис, сега сопственичка на слаткарница.- Стефани Борсова 

Мис за 2011 стана Весна Јакимоска , по неа Анета Стојкоска во 2012, па Кристина Спасеновска во 2013 години. Македонија паузаираше од учество на Мис на светот во 2014 година. 

Последна, и сѐ уште актуелна Мис на Македонија е Емилија Розман, наш познат модел, водителка, дипломиран дефектолог и волонтер во Црвениот крст јкоја ја понесе круната во 2015 година.

М.Џаровска