Породувањето го пренесуваше во живо на Инстаграм: Приказна за мајката која роди дете пред 13.000 луѓе на Инстаграм нè фасцинираше

„Породување со царски рез дома, гледајте затоа што сакам да го споделам ова со вас“, рече мама Ела

28-годишната Ела Робертс од Есекс се породила во карантин, па решила да го сними породувањето во живо на Инстаграм за да бидат сведоци на тоа нејзиниот партнер и нејзините родители. Ела има 19.000 фанови на Инстаграм и сите се собраа и во живо го следеа нејзиното породување, пренесува Yumama.rs.

„Од болницата ми се смејаа кога им го кажав мојот план. Пред ова породување имав уште едно во 2018 година, кое беше доста тешко и комплицирано, заврши со царски рез и едвај ги убедив да ме дозволат да се породам надвор од болница, но успеав“, вели таа, сеќавајќи се на нејзиното раѓање со девојчето Миа.

Ела го објави видеото од нејзиното раѓање со репликата: „Домашно породување после царски рез, гледајте затоа што сакам да го споделам ова со вас!“

На породувањето присуствувале 13.000 луѓе кои го гледале бебето Фреди како доаѓа на свет.

Ела вели дека се плашела од можни компликации, но дека мајките од групите на Фејсбук ја убедиле дека треба да се породи како што сака, дома, во услови кои и одговараат.

Фото: Printscreen/Instagram