„Посебна сум и среќна“: Има дваесет години, но поради неизлечлива болест изгледа како да има шест
Аболи Јарит е млада девојка од Индија која има 20 години, а изгледа како да оди во градинка бидејќи страда од неизлечлива болест. Родена е без бешика, затоа принудена е постојано да носи пелени.
Уште како мала, лекарите морале да и отстранат еден дел од половината како би спречиле урината да се задржува во телото.
Поради забавениот раст и искривувањето на коските Аболи не може да оди, сепак, таа воопшто не губи надеж и многу го сака животот. Во една прилика девојката од Махараштра изјавила дека е среќна бидејки изгледа толку млада.
-Имам 20 години и се осеќам добро, имам среќа и посебна сум. Кога сите растат и стареат, јас изгледам исто, изјави неодамна за новинарите.
Додаде дека е благодарна на Бог што од неа направил кул девојче кое никогаш нема да се промени.
Оваа 20-годишна девојка е пресреќна што е жива и покрај многуте болести, и не престанува да сонува дека еден ден ќе и се исполни најголемата желба, да биде славна.
Фото: Аболи Јарит / Фејсбук