Поседува имот во вредност од 4.500.000 евра: Неда Украден има 3 стана, вила, куќа и апартмани

Добивај вести на Viber

Кралица на недвижности

Неда Украден, без сомнение, се обезбедила добро станбено, па пред неколку години купила стан во Загреб. Се работи за имот во нова зграда од 75 квадрати.

Покрај тоа, пејачката купила и две гаражи во зградата, по 18 квадратни метри. Станот има три соби и се наоѓа на осми кат. Има две спални соби, дневна, бања, посебен тоалет, кујна и тераса од околу пет квадрати. Според хрватскиот портал Империјал, Неда за овој имот издвоила 117.000 евра.

Инаку, Неда претходно поседувала два стана во населбата Голф на Баново брдо, во Србија чија површина е околу 200 метри квадратни. Според пазарните цени вредноста на овие имоти е околу 300.000 евра. Таа пред две години купила и елитен стан во населбата Београд на вода, кој го носи името на нејзината ќерка Јелена Билбије. Наводно, според медиумите, тој стан бил платен за околу 400.000 евра.

Неда поседува и вила од 150 метри квадратни во Лепетани во Бока Которска, која според проценките е вредна околу милион и пол евра, а пред неколку години на истото место изгради и зграда со неколку станови, чија вредност е околу два милиони евра.

- Вилата е на три ката, секој по сто квадрати. Овие станови ги изградив со помош на кумот на ќерка ми Јелена, Велибор Јокиќ, кој е инвеститор. На крајот се изборев за мојата земја и инвестирав во неа - изјави тогаш Неда.

Пејачката годинава ја реновирала урната куќа на Имотски, каде што изградила и базен во дворот. Имајќи предвид дека овој имот се наоѓа на 30 минути од морскиот брег, неговата вредност е околу 200.000 евра.

Кога се ќе се собере, пејачката има повеќе од 4.500.000 евра во недвижен имот, што ја доближува до колегата Горан Бреговиќ, кој се‘ уште го држи првото место по бројот на станови и вили што ги поседува во повеќе земји од регионот.


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: ало

Можеби ќе ве интересира:

Оваа боја на сако е хит на сезоната, го издолжува телото, а одлично го искомбинирала Неда Украден