Оваа боја на сако е хит на сезоната, го издолжува телото, а одлично го искомбинирала Неда Украден

Добивај вести на Viber

Во последните години сакоата се составен дел од сите колекции и неспорно ја држат својата позиција на модниот трон

Покрај веќе познатите предимензионирани модели, ни се придружуваат и модели на уникатни кроеви, должини и весели бои на сакоа како незаменлив дел од лежерната урбана облека. Одлично се вклопува во секој стил.

Безвременски пример за добар аутфит е секако комбинирањето на сако со фармерки. 

Без разлика дали ќе се одлучите за темна или посветла нијанса на фармерки, тие совршено ќе се вклопат со едноставна бела кошула, ролка или маичка со принт. Комбинацијата надополнете ја со чанта со необичен облик, а целокупното лежерно издание можете да го подобрите со избирање на тренди патики.

Ако ви треба заводливо и шик сако, зелената е вистинскиот избор. Една од причините зошто блејзерот е незаменливо модно парче е фактот што може совршено да се комбинира со која било боја. Неда Украден совршено го искомбинирала зеленото сако со розови чевли и маичка. 


Но и со црни панталони и обична бела маичка.

View this post on Instagram

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)


За помирен изглед, можете успешно да го носите со панталони со класичен крој. Едно е сигурно, блејзерите и сакоата се секогаш во мода.


Фото: Инстаграм/pinterest

Фото насловна: Youtube - screenhoot - Hrvatska radiotelevizija