Изострено перо // Колумни
„СЛАБИЧКИ vs ПОЛНИЧКИ ДАМИ“
Во продолжение ОДГОВОРОТ...
Кои жени се попривлечни, послабите или полничките?! Дали мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се многу слаби, „нормални“, полнички, можеби жени кои се умерено фит или пак жени со стомачни, а можеби пак жени кои имаат отидено чекор понатаму во насока ФИТ, па направиле и поголеми мускулчиња?
Дали без разлика на тоа дали жената
е слаба или полничка, а партнерот ја прифати таква каква што е, а секако и таа
е задоволна со својот изглед, тогаш сѐ е во ред? Секако, добра вест (до некаде)
е дека сѐ е до вкус и е релативно. Како што напишав во една од моите претходни
колумни, „УБАВИНАТА Е ВО ОЧИТЕ НА ТОЈ ШТО ГЛЕДА“. Но, колку и да се тешите со тоа дека сѐ е
до вкус, сѐ е релативно, дека секое тенџерче си има капаче, сепак, објективно,
НАЈУБАВИ ЖЕНИ се жените кои се среќни,
позитивни, насмеани!
А за една жена да биде среќна, позитивна и насмеана, мора да се исполни еден
предуслов, а тоа е да има добро ЗДРАВЈЕ!
Многу е важно да се сакате самите
себе. Да бидете задоволни и среќни со тоа што сте и како изгледате. Само така
ќе ширите позитивна енергија и ќе бидете пријатни на сите околу вас и ќе се
чувствувате убаво во својата кожа. Е сега, можете да се сакате и да бидете
задоволни од тоа како изгледате, слаби или полнички, но за да бидете убави
однадвор, треба да бидете убави и одвнатре, треба да бидете здрави. А за да
бидете здрави не е доволно само да се сакате такви какви што сте. За да бидете
здрави, треба да бидете фит. А за да бидете фит, треба да водите здрав начин на
живот кој го сочинуваат здрави животни навики во секој сегмент. Треба да се има
ред и редовност во исхраната, физичките активности, одморот, спиењето. Секако
голем фактор е и опкружувањето. Вие сте просек од петте луѓе со кои најмногу се
дружите. Затоа дружете се со луѓе кои водат здрав начин на живот и се
максимално позитивни.
Одберете физичка активност која
најмногу ви одговара, бидете редовни и имајте континуитет во вежбањето и
воопшто во здравиот начин на живот. И СЕКОГАШ бидете НАСМЕАНИ И ПОЗИТИВНИ.
ОНЛАЈН ТРЕНИНЗИ vs ТРЕНИНЗИ ВО САЛА vs ВЕЖБАЊЕ ВО ПРИРОДА
СРЕЌЕН МЕСЕЦ НА ЖЕНАТА ДРАГИ ФИТ ДЕВОЈКИ
Проф. Лазар Иванов, професионален тренер по Микс Аеробик и Фитнес
Сите права се задржани
Прочитајте и:
БИДЕТЕ ПРИМЕР ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА. НЕ ИМ КАЖУВАЈТЕ, ПОКАЖЕТЕ ИМ!ОНЛАЈН ТРЕНИНЗИ vs ТРЕНИНЗИ ВО САЛА vs ВЕЖБАЊЕ ВО ПРИРОДА