Задолжително консумирајте ги после 40-та година: Семиња кои спречуваат стареење на коските и кожата

Добивај вести на Viber

Спречете ги првите знаци на менопауза, тешки болести и стареење на кожа и коски со овие семиња.

Семето е одличен извор на витамини и протеини, како и минерали и уникатни есенцијални масла. Тие имаат лековито дејство врз нашето тело и затоа се препорачуваат особено за жени постари од 40 години.

Чие семе
Богати се со омега 3 масни киселини, дури и повеќе од ленот и лососот. Тие содржат антиоксиданти, а само 2 лажици од ова семе имаат 18% калциум и 4 грама протеини. Тие имаат мала содржина на холестерол и натриум и се богати со растителни влакна, калциум, фосфор, магнезиум, бакар, калиум, магнезиум, железо и цинк.

Ленено семе
Лененото семе содржи омега 3 масни киселини, антиоксиданти, минерали и витамини. Богато е со витамин Б и магнезиум. Тоа помага во подмладување на кожата, го подобрува варењето и помага во отстранување на вишокот килограми.

Сусам
Тој е одличен извор на протеини, калциум и магнезиум. 100 грама сусам содржи фолна киселина, неопходна за женското тело. 2 лажички од ова семе ќе ги зајакнат коските, зглобовите и ќе ја уништат желбата за слатки. Сусамот го подобрува целокупното здравје.

Киноа
Киноа содржи 9 есенцијални протеини, витамини, аминокиселини, ензими и важни минерали. Киноата е одлична замена за месото бидејќи содржи протеини. Помага во опуштање на мускулите на телото и крвните садови, но помага и во борба против рак, дијабетес, атеросклероза и микроби.

Жените во предменопауза и во менопауза мораат да ги јадат овие четири семиња доколку сакаат да ги ублажат или спречат симптомите на менопаузата.
Овие семиња успешно спречуваат кардиоваскуларни заболувања, стареење на кожата и коските, и ги зајакнуваат косата и ноктите.
Пред употреба на било кое од овие семиња, треба да се потопат во вода од 3 до 7 часа. Потоа измешајте со овошје или јогурт и консумирајте секој ден.

Ако сакате да имате корист од овие семиња, јадете 2 лажици од едно од овие 4 семиња секој ден.

извор:zenskikutak.rs