,

После Цеца, Карлеуша: Македонскиот дизајнер Златко Џеј Зи Џеј ја облече Јелена (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кон крајот на 2021 година создаде креација за фолк дивата Цеца, а сега во Новата 2022 година, се пофали дека соработка остварил и со единствената - Јелена Карлеуша.

Кога си добар во тоа што го рабтиш, и кога на истото тоа му се посветуваш со љубов, тогаш успехот не познава граници - а доказ за тоа е и македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како Џеј Зи Џеј (JZJ).

Веројатно не постои поголемо признание за дизајнер, од тоа позната ѕвезда да носи негова креација. Во тој контекст, голема чест за дизајнерот Јовановски беше што балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ одбрала да носи токму негова креација, и да ја претстави на концерт пред огромната публика. Но со уште поголем ентузијазам, македонскиот дизајнер се пофали и дека Карлеуша одбрала да носи негова креација.


Во претходните сезони на „Ѕвездите на Гранд“, често се спомнуваше неговото име и неговите креации кои ги носеа некои од учесничките на натпреварот, добија многу пофалби од Јелена Карлеуша. А неодамна во кратко интервју за Женски магазин ни откри дека би сакал и таа да носи негова креација еден ден. Епа тој ден дојде, па и самиот дизајнер порачува: верувајте во себе и во тоа што го правите, само тоа е единствениот пат до успехот.