После лошиот развод сфатила дека ѝ треба промена: 55 - годишната жена изгледа посреќно и подмладено по храбрата трансформација
Кога славниот стилист ја видел состојбата на својата пријателка од училиште, веднаш ја натерал да дојде кај него за целосно да го промени стајлингот.
Познатиот американски стилист Кристофер Хопкинс (57) неодамна повторно стапил во контакт со пријателката со која активно се дружел во основно училиште. Иако повторно се поврзале преку социјалните мрежи и договориле состанок, Кристоф не можел да поверува колку неговата пријателка Кара (55) го запоставила.
Таа му открила дека неодамна се развела и дека сака да промени нешто на себе - и не му требало долго на Хопкинс за да ја убеди да дојде во неговото студио и да му дозволи да ја разубави и подмлади.
- Нејзе ѝ требаше нешто позитивно, нешто што ќе ја направи да се чувствува подобро, поубаво, помладо, а стилистот даде сè од себе за да ѝ го овозможи тоа, а потоа објави видео на кое се гледа Кара пред и по средувањето.