После овој настап, Јелена Карлеуша го изгуби бебето: Не знаев дека сум бремена (ВИДЕО)
Концертот на Јелена Карлеуша беше сензација, за жал после него доживеала вистински пекол...
Концертот на Јелена Карлеуша секогаш е спектакл од посебен вид.
Популарната дива се подготвува за секој свој настап и го планира речиси секој детаљвнимателно.
Така беше и во 2013 година, во Белград, на Ушче. Спектакл за уши и очи и забава која траела многу по полноќ.
За жал, до неодамна само таа и нејзините најблиски знаеја дека овој концерт на Јелена Карлеуша и донесе голема болка.
„Не ни знаев дека сум бремена. Дознав недолго по Ушче. Малата точка која го означуваше чукањето на срцето на бебето на екранот со ултразвук не светеше. P.S После тој концерт на Ушче не пеев скоро една година. Никој не ме повика да пеам. Како да сум убила некого... (а всушност сум го направила)“, напиша неодамна Јелена во објава на Инстаграм.
Проблемите на Јелена не завршија тука. Кога излегувала од лекарската ординација каде ја известиле дека нејзиното мало срце не чука, папараците ја фотографирале.
„Потечена, расплакана и без шминка. Следниот ден беше насловна страница. „Погледнете како всушност изгледа Јелена Карлеуша без шминка, шокантни слики“.
„Тие слики најчесто потоа ги објавуваа сите оние кои сакаа да ме понижат мислејќи дека мене ми е важно некој мисли дека сум грда. Затоа што никогаш не мислев дека сум убава. Напротив“, додала ЈК.
Таа меѓу
другото напиша дека доживеала силен медиумски линч поради концертот. Концертот
беше одложен еден час за да може публиката да влезе.
Не се надевав на тоа, особено што во тој момент доживеав силен медиумски линч. Се сеќавам, мојот продуцент влезе и рече дека мораме ширум да ги отвориме портите и да не наплаќаме повеќе билети бидејќи нема да започне до полноќ. Тоа е она што го направивме.
Пред да излезам на сцената, ми го донесоа дневниот весник што излегува утре. Сите насловни страници имаа два збора, празно и пусто. Нема слика како доказ. Ах да, и ми рекоа дека немам мултимедија за екраните бидејќи мојот колега не стигнал да го направи.
Клекнав под бината на лифтот што треба да ме крене и го слушам татнежот на луѓето... „Што ќе правиме?“ - праша некој до мене. Се насмеав додека солзите ми ја уништуваа шминката. Одиме - реков“, се присетила Карлеуша.
Сеќавањата се вратија. ЈК мислеше дека тоа се солзи кои повеќе нема да течат…
„Грмеше, Белград досега не слушнал ниту видел таков звук и ваква продукција. Лифтот ме крена и видов бескрајно море од луѓе... басот ме движеше од место до место.
„Ти си борбена машина, Јелена. Плачев сега и никогаш повеќе, си помислив. Ах, колку згрешив... Стиснав заби и го направив концертот речиси во темница бидејќи екраните не емитуваа мултимедија. Публиката скандираше дека ме сака“, додаде ЈК.
Каков спектакл беше во 2013 година, ги потсети Јелена своите обожаватели и сега, за жал, е свесна дека го изгубила бебето по одличниот концерт.
Фото: ИнстаграмИзвор: Gloria.rs