Постојано сум на штрек поради синот: Кејт Мидлтон загрижена
Кејт Мидлтон, без оглед на тоа што има висока функција и е постојано во фокусот на јавноста, најмногу време посветува на своите деца.
На една од мајките со која што Кејт неодамна била во Блетчли паркот, таа ѝ раскажала интересна приказна за својот најмал син Луис, кој има една година“ пишува англиски „Сан“.
„Ние сме постојано на штрек поради него. Пред некој ден, се свртев на минута, а тој веќе беше на врвот на лизгалката. Се шокирав, ме исплаши. Кој знае што следно ќе направи“, ѝ раскажала Кејт на пријателката.
Кејт додала дека Луис кој неодамна прооде е многу темпераментно дете, и дека и таа и Вилијам се постојано загрижени каква нова „беља“ ќе направи.
„До неодамна, се движеше со помош, сега веќе трча“, додала принцезата која е мајка и нa принцот Џорџ кој наскоро ќе наполни 6 години, и принцезата Шарлот која на 2 мај наполни 4 години.