Постојат три правила: Како да одберете вистински парфем за подaрок?

Добивај вести на Viber

Парфемот е еден од подароците кој најмногу се подарува за време на новогодишните празници, но често и во други прилики, како што е Денот на вљубените или родендените. Затоа, во пресрет на новогодишните празници и времето на дарување, Cosmo ја го лансираше најновиот леток, кој ќе важи до крајот на месец декември. Во новиот леток, изборот на парфеми, кои имаат и екслузивни попусти се до 30 проценти, сигурно ќе најдете совршен подарок како за важните жени во вашиот живот, така и за мажи.

Меѓутоа, често постои недоумница дали на личноста која ѝ подарувате парфем ќе ѝ се допадне, особено ако не знаете какви парфеми сака. Ние ви подаруваме три совети за тоа како во секоја прилика да подарите совршен парфем:

1. Парфем кој се одбира по типот на жената за која се купува

Дали е тоа жена која сака чисти форми, жена која не сака да биде наметлива, можеби жена која не сака многу парфеми или онаа која користи повеќе парфеми истовремено... Важно е да се одлучи на кој дел од нејзината личност ќе се водите при изборот на парфем. Дали тоа ќе бидат опојни мириси, ноќни цветови, роза гарденија, јасмин... или тоа е некој мирис со „statement“.

2. Има разлика кога купувате парфем како деловен, пријателски и интимен подарок

За деловен подарок се одбираат побезбедните парфеми кои кај нас се класифицираат според различните видови миризливи групи, на пример цветни, дрвенасти и слично. Кога купуваме парфем за жена која добро ја познаваме, парфемот се избира според принципот на она што веќе сигурно го знаеме дека го сака. Постојат и луѓе кои не знаат ништо за личноста која купуваат парфем, но таа личност е важна за нив и сакаат да ѝ се заблагодарат за нешто. Во тој случај, парфемот треба да биде без никакви дополнителни конотации, па затоа никако не смеете да одберете парфем кој се вика на пример „Скандал“ и слично, бијдеќи звучи премногу интимно, па затоа ќе изберете парфем кој е омилен на поголем круг луѓе.

3. Што ако погрешите при изборот на парфем?

Веројатно секој барем еднаш во животот подарил парфем кој на личноста на која ѝ го подарил не ѝ се допаднал. Или самите сме си одбрале парфем кој не ни е по вкус. Ако сте во многу добри односи и блиски со таа личност, не е непристојно да ѝ кажете дека парфемот не е по ваш вкус, иако на крајот од денот е личен избор дали ќе ѝ го кажеме тоа. Подарениот парфем лесно да може да се проследи понатаму. Но, нема зошто да се грижите, парфемот секогаш бил и останал совршен подарок за секоја прилика.

* ПР - објава