Посветеноста на Guerlain добива нов интензитет благодарение на несебичната поддршка и Вашето учество во кампањата за Светскиот Ден на пчелата 2021

Добивај вести на Viber

Брендот Guerlain се заблагодарува на сите кои несебично придонесоа за собирањето на потребните финансиски средства за Светскиот Ден на пчелата 2021.

Со голема радост Ве известуваме дека целта е постигната преку напорите на заедницата на Guerlain и пошироката јавност и се собраа потребните 1 милион евра за да се помогне во проширувањето на “Guerlain For Bees Conservation Programme”.

Да се потсетиме, на 20 мај се обележа Светскиот Ден на пчелите, а на 22 мај Меѓународниот Ден на Биолошката разновидност. За куќата Guerlain, токму овие два датуми беа клучни за нов пресврт во нејзината посветеност кон зачувување на пчелите. Во текот на тие три дена, од 20ти до 22ри мај, Guerlain донираше 20% од глобалната продажба и дополнителни 20€ од секоја споделена објава на Инстаграм на 20ти мај.

Денес, мотивирани од постигнатиот успех за Денот на пчелата, Guerlain е уште повеќе посветен на пчелите, симболот на брендот и неговиот бесконечен извор на инспирација и обележа уште еден значаен чекор во прифаќањето на нови партнерства како дел од “Guerlain For Bees Conservation Programme”.

GUERLAIN FOR BEES CONSERVATION PROGRAMME – ПОВЕЌЕ СОЈУЗНИЦИ, ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ

Guerlain започнува три нови партнерства како дел од “Guerlain For Bees Conservation Programme”. Две од нив се финансирани преку фондот за поддршка на Светскиот Ден на пчелите и се потпишани со Францускиот комитет на МУЗП (Меѓународна Унија за зачувување на природата) и Националниот музеј на историјата на природата. Третото партнерство е со кинеската невладина организација – Центар за зачувување на Шан Шуи. 



ПР објава