Потребни ви се само 2 состојки: Заменете ги скапите капсули со едноставна домашна паста за перење алишта и отстранување дамки

Ако ви здодеа да купувате скапи капсули за перење, направете ги сами во вашата кујна

Многу жени се борат со отстранување на упорните и тврдоглави дамки од нивната гардероба. Тие постојано купуваат различни течности и прашоци специјално направени за оваа намена.

Сепак, постои начин да се ослободите од сето тоа и со помош на наједноставната состојка да ја направите вашата гардероба повторно чиста и беспрекорна.

Станува збор за старомоден сапун за перење алишта и отстранување дамки. Некогаш го користеле нашите баби за да ги чуваат алиштата чисти, кога денешните прашоци, капсули не ни постоеле.

Доколку и вие сакате да ја перете облеката на вашето семејство на безбеден начин, без страв дека ќе ја иритирате кожата со силни хемикалии, направете ја оваа паста и не грижете се.

Сè што треба да направите е да го изрендате најобичниот сапун за перење на ситно ренде, а потоа да го прелиете со 1,5 l топла вода. Промешајте, па додадете 5 лажички сода бикарбона.

После тоа, повремено мешајте неколку часа, додека не се формира нешто како паста. Истурете во сад со капак и додадете 2,3 лажици во машината за перење при перењето алишта.

Бидејќи тој сапун за перење често нема мирис или има некој што не ви се допаѓа, едноставно додадете десет капки есенцијално масло со вашиот омилен мирис во смесата и алиштата не само што ќе бидат беспрекорни, туку и ќе мирисаат убаво.


Извор: glossy.espreso.co.rs