Потресни фотографии од Шенон Доерти без коса: Од болничката постела покажа што ѝ направил ракот

Познатата актерка веќе шест години ја води битката за својот живот...

Ѕвездата Шенон Доерти која веќе со години води битка со карциномот, ја растажи своите обожаватели со последните фотографии која ја објави на социјалните мрежи.

На овие фотографии Шенон е без коса, која ѝ паднала како последица од терапиите, а за сè да биде уште потажно, во описот напиша и потресен текст.

„По повод месецот на подигнување на свеста за ракот на дојка, би сакала со вас да споделам нешто повеќе за моето патување од првата до втората дијагноза. Дали е сè убаво? Не, но е искрено и го споделувам ова со надеж дека ќе ги едуцирам луѓето и малку подобро ќе им покажам како изгледа ракот“ - започна актерката.

View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

„Се надевам дека ќе ги поттикна, другите редовно да одат мамографија и дека ќе го пребродат стравот од можните лоши резултати. Мене ракот на дојка ми беше дијагностициран во 2015 година. Бев подложена на мастектомија и хемотерапија и зрачење. Честопати имав крварење од носот поради хемотерапијата.“ - напиша актерката и откри што ѝ помогнало во тешките ситуации.

View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

„Не знам дали некој од вас го искусил ова. Се развеселував самата себе носејќи смешни пижами кои ми ги подари мојата пријателка Кристи. Дали навистина ми го поправија расположението? Да. Изгледав урнебесно и се смеев самата на себе. Хуморот ми помогна да поминам низ она што ми изгледаше невозможно. Се надевам дека сите ќе успееме да пронајдеме хумор во невозможните ситуации“ - ја заврши Шенон силната порака.