,

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА АНИТА ГИБСОН: И јас и ќерка ми ѝ погледнавме на смртта во очи

Добивај вести на Viber

Кога ми соопштија дека на Ребека ѝ е дијагностициран рак на лимфните жлезди чувството беше хорор, страв кој парализира. Три години подоцна, за мојата болест имав сосем други чувства. Повеќе лутина, отколку страв. Станав поодлучна и похрабра, раскажува авторката на книгата „Неверојатни вистини и вистински лаги за канцерот“


Книгата „Неверојатни вистини и вистински лаги за канцерот“ на почетокот од месецов ја разбранува домашната издавачка сцена. Авторката Анита Гибсон, Македонка која повеќе од три децении живее во Лондон, тврди дека ова нејзино дело (достапно во книжарниците на Literatura.mk) може да им го промени животот на пациентите со малигни заболувања. За нејзините шокантни сознанија и искуства читајте во продолжение.  

* Канцерот е реалност во Вашиот живот изминативе шест години. Прво на Вашата ќерка Ребека ѝ беше дијагностициран рак на лимфните жлезди, а пред три години Вам лекарите Ви дијагностицираа рак на дојка. Како се соочивте со овие големи стравови, како ги преживувавте тие трауматични моменти?

- Жалам што не сум поетеса да можам убаво да ги опишам емоциите што ме обзедоа кога ми соопштија дека кај Ребека е потврдена дијагнозата на Non-Hodgkin lymphoma во четврти стадиум. Чувството е хорор, страв кој парализира. Како да ѝ погледнав на смртта во очи. Истовремено знаев дека морам да сум храбра, за неа. Ребека беше во своите нежни и кревки 24 години од животот. Во зеници ме гледаше за реакција, како од мене да зависеше дали е ова нешто што таа може да го надмине или не. Несмеев да потклекнам, тоа ќе значеше дека се предавам, дека на моето дете му ја одземам последната надеж што ја имаше. Ќе бидам себична и ќе признаам. Мислам дека во тие моменти мене ми беше потешко од нејзе. Знам дека звучи бизарно! Но, понекогаш мајките  ги сакаат своите деца повеќе од тие себе си. Или барем јас така го доживеав тој период. Си помислив, што и да се случи, ќе се бориме до крај и предавање нема. И одлучив да му објавам војна на канцерот. Ова, за жал, ми ја одзеде сета енергија, ми го одзеде мирот и сонот. Бев опседната со истражување, го превтев секое каменче само да дојдам до најдоброто решение за Ребека. Ваквиот начин на живот, менталниот, па и физичкиот, ме доведе до мојот канцер на дојка, три години подоцна. За мојата болест имав сосем други чувства. Повеќе лутина, отколку страв! Станав поодлучна и похрабра.

На 1 јуни книгата беше промовирана во Скопје

* Во потрага по одговори се одлучувате за алтернативната медицина. Зошто?

- Потрагата по одговори ме доведе до сознанија што ме шокираа. Не бев подготвена на тоа што го откривав. Откривајки го канцерот како болест на организмот, дознав што е всушност хемотерапијата, кој ја измислил и зошто. И покрај големиот неуспех и понатаму се користи како примарен третман против канцерот веќе половина век заедно со радиотерапијата. Статистиките предупредуваат дека 50 отсто од населението ќе се судри со канцер во текот на својот живот. Не ми беше јасно како е можно покрај милијарди што се инвестираат во откривање на лекот против канцер, човештвото и понатаму да е оставено на милост и немилост. Затоа изгубив доверба во конвенционалната медицина. Сфатив дека истата е само марионета на фармацевската индустрија.Ова ме исплаши и одговорите почнав да ги барам во алтернативната медицина.

Во македонската амбасада во Лондон со заменик-амбасадорот и со новинарката Жанета Скерлев

* Во книгата ги пренесувате сите сознанија и искуства. Со кои неверојатни вистини се соочивте? За какви вистински лаги зборувате во Вашето дело?

- Има неколку многу важни моменти што ги доживеав како трагични кога вистината ги обелодени фактите. На пример, хемотерапијата не само што не го лечи канцерот, туку поттикнува создавање нов. Научив дека хемотерапијата го уништува имунитетот со тоа што ги оштетува виталните органи и дека поголем број луѓе умираат од третманите што конвенционалната медицина ги користи против канцерот, а не од самата болест. Дознав дека канцерот не се должи на дефектни гени, туку на дефект на метаболизмот. И дека не е вистина дека канцерот е лоша среќа, туку се должи на епигенетика. Само 5 отсто инцидентите се резултат на генетика. 

* На кој начин сметате дека оваа книга може да им го промени животот на пациентите со малигни заболувања?

- „Неверојатни вистини и вистински лаги за канцерот“ не е напишана со цел да се наметне при изборот на стратегијата за лекување. Секој еден од нас мора да си го земе животот во свои раце и да одлучува врз база на нецензурирани информации и факти. Книгата е едукативна и информативна. Дава опции на лекување надвор од конвенционалната медицина кои можеби не се научно потврдени, но излекувале илијадници луѓе. Причината зошто не се направени или објавени студии за третманите запишани во книгата е затоа што фармацевската индустрија не е во состојба да ја патентира природата, па во неа и не инвестира. Се вложува во сѐ што може да се направи во епрувета, па да се реплицира како би се достигнале огромни маргини. Луѓето мораат да знаат што е тоа што нѐ прави болни и зошто нема лек. Знаењето е моќ. Вистината за канцерот може да нѐ направи моќни за себе, да донесеме информирани одлуки.

* Која е најголемата поука што ја извлековте од овие животни премрежја? 

- Дека докоторите не се богови и не смеат да одлучуваат за нашиот живот, кој ќе живее, а кој не. Тие си ја извршуваат својата должност според обуката што ја добиле на медицинските факултети и се ограничени со програма на лекување зацртана од министерството за образование во дотичната држава. Во книгата давам објаснување кој влијае врз едукативната програма што се изучува. Не сакам да ја омаловажувам работата на медицинарите, но сепак треба ова да се земе во контекст. Секогаш и сѐ треба да се истражи, секогаш ни треба и второ и трето мислење. Никогаш да не се брза со донесување на одлука за третман, само затоа што некој не уплашил со своето мислење. Тоа сепак е само едно мислење.

* Дали сега сѐ е во ред со Вашето и со здравјето на Вашата ќерка?

- Јас и Ребека сме во одлично здравје, во ремисија. Ригорозни сме со начинот на исхрана, со користење на соодветни суплементи за зајакнување на имунолошкиот систем за кој е докажано дека е единствениот заштитник на човековиот организам против вируси, габични заболувања, бактерии.. Имунитетот е тој што треба да се гради, да се надградува, на кој треба да се внимава. Книгата содржи многу совети како можеме тоа да го постигнеме. Сепак, лекот против канцерот лежи во неговата превентива.

Болничката соба во Лондон каде што Анита се оперираше

* Вие сте Македонка која повеќе од три децении живее во Лондон. Што беше пресудно да заминете од државата?

- Англија ме мамеше од самиот почеток на студиите, како студент на Филолошкиот факултет на отсекот англиски јазик и литература. Морав да го доживеам Шекспир од прва рака и како бебиситер заминав за Лондон во 1986 година.

* Која е Вашата професионална биографија?

- Почетоците на мојата професионална кариера се во Минситерството за надворешни работи како и во Скотланд јард, прво како преведувач. Бргу бев унапредена во отсекот на имиграциони прашања каде што работев како надлежна за решавње на апликации за азил и како менаџер на центарот за азилантски прашања во Croydon, Surrey. Таму останав девет години. Од 2000-та бев регрутирана од страна на ExpoCentar Europe. Од 2008 година се посветив на невропсихологијата кај деца и возрасни. Се здобив со диплома од центарот „Хелен Аркел“ (Assessing and Teaching Students with Specific Learning Difficulties) како и со диплома од Институтот Swingle во Ванкувер, Канада.

Ѓорге Стојанов