ПОТВРДА ЗА ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНИ-СЛЕДНА МЕРКА ОД ОКТОМВРИ: Филипче најави дека ова сигурно ќе го препорачаат

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во Институот за јавно здравје се прави детална анализа која се однесува на бројот на новозаразени со ковид, возрасните групи, како и опфатот на вакцинација по градови. Од податоците од оваа анализа, како што истакна министерот Филипче, ќе зависи какви мерки ќе се предлагаат во наредниот период.

-Станува збор за битна анализа која ќе биде еден од индикаторите за тоа какви мерки евентуално дополнително био предложиле. Сакам да потенцирам дека една од мерките што сигурно ќе се препорача, но секако ќе оставиме и доволно време да помине, две или три недели, а тоа е потврдата која сега мора да се приложи за влез во молови угостутелски објекти и на други места за примена барем една доза вакцина, тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани граѓани. Ова најверојатно ќе биде препорачано во октомври, истакна министерот Филипче.

Детали на ФАКТОР ТУКА.