Повеќе антитела се создаваат од вакцина, отколку од прележан ковид-19: Др. Вајс со охрабрување за идните мајка

Добивај вести на Viber

Д-р Владимир Вајс вели дека не е изненаден што им е дозволено и на бремени жени да се вакцинираат и истакнал дека вакцинацијата била користена претходно, како на пример во сезоната на грип. Тој истакнува дека вакцинацијата е безбедна и се препорачува.

Д-р Вајс рече дека сега е завршена студија која потврдува дека вакцината може да се дава и на бремени жени. На прашањето како го коментира фактот дека 13 проценти од бремените жени абортирале, Вајс одговори дека е потребно да се бараат подлабоки причини.

- Секогаш мора да земете во предвид што довело до прекинување на бременоста. Имате море од некои причини, што не може да се покрие со истражување. Секоја студија мора да биде многу добро испланирана. Сите сме сведоци дека експериментот се случува пред нашите очи, сè се случува драстично побрзо во последната година - рече Вајс.

Тој потенцираше дека клиничкиот преглед покажал дека вакцината е квалитетна и дека не е штетна по здравјето на бремените жени.

- Придобивките од вакцинацијата не се разликуваат во однос на општата популација, ништо драстично не се менува таму. Од друга страна, истражувањата покажаа дека бремените жени произведуваат повеќе антитела кога примаат вакцина, отколку откако ќе добијат ковид. Таа концентрација на антитела е многу поголема подоцна во млекото, така што ќе добиете цел синџир на заштита на населението - рече Вајс и додаде дека ова значи дека новороденчето се здобива и со антитела.

Вајс рече дека на почетокот вакцинацијата на бремени жени се вршела во вториот и третиот триместар, но дека во САД започнала и во првиот.

-Едноставно бројките кај нив се огромни. Постои брза можност за заклучок, затоа некои работи се менуваат и забрзуваат. Во САД, вакцинацијата сега е пренесена на лекари кои учествуваат во заштитата на бременоста, кои ќе им ја објаснат постапката и процесот на вакцинација на бремените жени, врз основа на кои ќе одлучат дали воопшто ќе бидат вакцинирани - потенцира Вајс .

Тој уште еднаш подвлече дека вакцинацијата е дозволена и се препорачува.

- Немавме потврда за тоа, така што тоа беше мана на целиот процес. Никогаш порано не се случило да направите експеримент во светот за време на пандемија и да докажете дали нешто е добро или не - рече Вајс.


Извор: србијаданас.рс

Зошто трудниците имаат сѐ потешка кличничка слика: Гинеколг ја реши дилемата дали треба тие да се вакцинираат