Повеќе од извесно денеска да бидат предложени новите рестриктивни мерки: Само за три дена има 1.460 новозаразени и 19 починати

Добивај вести на Viber

Сопствениците на малите бизниси со бројни реакции

По денешниот утрински состанок, министерот за здравство, Венко Филипче и членови на Комисијата за заразни болести ќе имаат состанок и со премиерот Зоран Заев, на кој ќе му ги образложат новите рестриктивни мерки кои ги предложија во петокот, а кои според нив треба да го намалат понатамошното ширење на заразата со корона вирусот. Тогаш беше речено дека, по евалуација на состојбата за време на викендот, ќе препорачаат да не работи ништо по 23 часот, да се намали капацитетот на патници во автобусите, како и да има целосна забрана на организирање настани. Од петокот до денеска, во Македонија беа регистрирани дури 1.460 нови позитивни случаи на ковид, а починаа 19 лица, што веќе е извесно дека ваквите мерки ќе бидат предложени до Владата.

Истовремено, пак, бројни се реакциите на сопствениците на малите бизниси, односно пекарниците, како и малите маркети кои сега работат и по 23 часот. Велат дека ако им биде ограничено работното време, дека целосно ќе пропаднат.

- Лошо е што кај нас не постои никаков концепт. Не може туку така да речат нема работење по 22.00 или по 23.00 часот. Се се става во исти кош. Пекарницата ако не ја отворам во 02.00 по полноќ, сабајле ќе нема ништо тазе. Сепак, ако добро се размисли и не е добро вака да реагирам, се уште не знаеме како се точно ќе биде. Можеби ќе може да работиме, но не и да продаваме, што всушност е и пракса кај нас. Но, има пекарници кои работат и продаваат истовремено, и каде што младите навистина се собираат во огромен број. Затоа велам, не може се во исти кош да се става. Нека ги преземат искуствата од Словенија, не мора подалеку да се оди. Таму затвораат критични региони, некаде читав дека целосно се затворени барови и кафулиња. Не е фер да не испозатворат сите, а до сега кај мене ниту еден вработен не бил заразен со вирусот, и целосно се почитуваат протоколите за заштита од вирусот: Внатре исклучиво се влегува со маска, еден по еден, дури не дозволуваме и двајца да има. На врата си стои човек кој подава дезифициенс, што друго да речам. Ќе биде многу тешко за ваквите како нас, кој имаме мали бизниси од кој раниме цели фамилии, вели З. Т., сопственик на една од пекарниците во Скопје.


Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк