Повикана и итна помош! Брижит Бардо (88) претрпела големи проблеми со здравјето-еве што ѝ се случило на славната дива!
FOTO: Printscreen youtube
Странските медиуми објавија загрижувачка вест дека Брза помош вчера пристигнала во домот на познатата актерка Брижит Бардо, откако пријавила тешкотии со дишењето. Сопругот на познатата Французинка Бернар Д’Ормал ја потврдил оваа вест, а потоа го разјаснил целиот инцидент кој се случил во нивната вила во Сен Тропе.
„Околу 9 часот наутро Брижит почна да има проблеми со дишењето. Дишеше побрзо и поинтензивно од вообичаено, но не ја изгуби свеста. Тоа беше момент на дистракција“, рекол Бернард.
Тој додал дека екипата за итна помош ја ставила 88-годишната дива на кислород и дека останале некое време внимателно да ја испитаат нејзината состојба.
„Како и сите луѓе во старост, таа повеќе не може да ја поднесе жештината. Тоа се случува на 88 години. Таа не смее да се изложува на непотребни напори“, заклучил тој.
Да потсетиме, Брижит Бардо сними 47 филмови пред да се повлече од филмската индустрија во 1973 година. Кариерата ја започна на само 15 години, кога ја красеше насловната страница на магазинот „Elle“.
Таа е родена и израсната во Париз, а се занимавала со балет пред да се занимава со манекенство и глума. Бардо стекна светска слава и до ден денес останува една од најголемите секс симболи и најубавите жени на сите времиња.