ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Земја која има министерство за среќа и нема ниту еден бездомник

Бутан, мистериозна и сликовита земја, сместена помеѓу Индија и Кина, беше затворена за туристи се до 1974 година. Денес, секој кој што е спремен да го помине комплицираниот процес за вадење виза и има доволно пари, може да ја посети оваа земја.

Границите се отворени, но кралот се' уште се обидува да го ограничи бројот на туристи преку различни методи во земјата со популација од над 800.000 жители.

Без интернет и телевизија

Во Бутан телевизијата и интернетот официјално се забранети од 1999 година. Сепак, невозможно било целата земја да ја изолира од модерната технологија, па одлучил да го укине ова правило. Бутан е последната земја на светот која почнала да користи телевизија.

- Министерство за среќа

За подобро да се погрижат за внатрешниот мир на луѓето, во 2008 година во Бутан е основан Одбор за бруто национална среќа. Дури и при пописот на жители, постои посебна колона каде може да се наведе дали сте задоволни со својот живот или не. Бутан е една од ретките земји коишто имаат министерство за среќа и кои ја мерат среќата. Квалитетот на животот им се одредува како рамнотежа помеѓу нивните финансиски и ментални вредности.

- Нема бездомници

Во Бутан никој не живее на улица. Било кој жител ако го изгуби домот, треба само да му се јави на кралот кој ќе му поклони земјиште каде што ќе може да си изгради нова куќа и да одгледува овошје и зеленчук.

- Бесплатно здравство

Секој жител на Бутан има право на бесплатно здравство. И традиционалната и класичната медицина се вообичаени во Бутан, а жителите можат сами да одлучат за начинот на лекување.

- Национален дрес код

Луѓето во Бутан носат традиционална облека. Мажите носат униформа до колена, а жените долги фустани. Социјалниот статус на лицето се идентификува според бојата на марамата, која ја носат префрлена преку левото рамо. Обичните луѓе носат бели марами, а благородните и свети лица носат жолти.

- Забрането е пушењето цигари

Кралот на Бутан донел закон кој забранува одгледување, собирање и продажба на тутун. Таму е невозможно да купите тутун. Туристите кои успеваат да ги соберат сите потребни документи за да ја преминат границата, мора да платат висока такса ако сакаат да земат цигари со нив.

- Туризам

Иако кралот ја отвори земјата за туристи, тој не им дозволува пристап низ целата земја. Бутан може да го посетите само со група други туристи. Сите документи и визи ги издава фирма одредена од државата, а за да добиете дозвола мора однапред да ги платите сите трошоци.

Во оваа земја може да се шетате само со водич, никако сами. Организаторот на патувањето нуди разни забавни програми за сите туристи, а еден ден таму ќе ве чини околу 250 долари.

- Традиција на наследство

Жените во Бутан навистина се многу ценети и почитувани, а тоа го покажува и нивната традиција на наследство. Целиот имот го наследува најстарата ќерка во фамилијата, а не синот.

- Традиција на венчавање

Во Бутан е забрането да се стапи во брак со странец. Кралот прави секакви напори за да ја зачува единственоста и да ја изолира неговата држава од целиот свет. При церемонијалиот чин на венчавање, свештеникот чита мантри. Се верува дека тој процес им помага на младите да изградат силни ментални врски. После изведбата на сите ритуали, парот може да стане семејство. По правило, мажот оди во куќата на жената, а кога ќе заработи доволно пари, можат да се преселат во нова куќа.

Подготви: Е.М.