Позитива на денот: По 12 години станавме горди родители благодарение на најтрпеливиот д-р Бојаџиев

Од болницата „Аџибадем Систина“ објавија прекрасна позитивна вест која ни го разубави денот.

Сања и нејзиниот сопруг 12 години се бореле се потомство, а по многуте неуспешни инвитра во други болници, благодарение на д-р Александар Бојаџиев го добија синчето Јаков.

„Најголема благодарност до најдобриот и најтрпеливиот доктор на светот, д-р Александар Бојаџиев кој успеа да нè направи најсреќни родители на малиот Јаков кого го чекавме 12 години. Нема зборови што можат да опишат како се чувствуваме ние како родители, а не постојат ни зборови доволно да се заблагодариме на нашиот најдобар доктор. По многу направени ин витра во други болници, доктор Александар Бојаџиев успеа од првпат. Благодарение на неговата професионалност, стручност и посветеност денес го држиме Јаков во нашите раце. Благодарам и за целиот тим на педијатрија, а особено на сестра Сања - најдобрата сестра што сме ја сретнале, толку позитивна, вредна и со многу корисни и практични совети. Таа првпат ми го донесе Јаков в раце и нè испрати дома. Вие сте најдобри!“ – напиша мама Сања.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)