ПОЗИТИВНАТА ИМУНОЛОШКА РЕАКЦИЈА: Ова пресуди Македонија да се одлучи за Оксфордската вакцина

Добивај вести на Viber

Веќе е јасно дека Македонија ќе ја набави Оксфордската вакцина против корона вирусот, а несаканите ефекти и досегашниот учинок до оваа фаза од развојот на вакцината се пресудни за да властите во земјава се одлучат токму за неа, посочува во разговор за Фактор, директорот на Институот за белодробни болести кај децата, д-р. Ангелочо Андоновски, кој истовремнено е и член на Комитетот за имунизација. Тој вели дека Окфордката вакцина е започната почна со првата фаза на тестирање уште во Април 2020 и тоа врз 1077 здрави испитаници, а нивната старосна граница е 55 години и под 55 годишна возраст, за да подоцна како одминуваше првата фаза, во почетокот на втората фаза стигна до бројка од над 10 000 испитаници дури и над 70 годишна возраст, но тестирана е и на 5 деца до 12 годишна возраст.

-По прикажувањето на првичните резултати започна и да се шири веста за нејзината успешност. Нормално како и целата светска јавност, како научната така и широките народни маси почнаа да пројавуваат интерес за оваа вакцина, која сигурно пројави светлина во овие тешки времиња за целиот човечки род. Исто така и Министерството за здравство, здраствените власти, Комисијата за заразни, Комитетот за имунизација беа будно вклучени во целиот процес на развивање на сите вакцини кои даваа некој резултат и беа предмет на дискусии, истражувања и констатации од сите релевантни научни фактори во државата. Она што можеби беше пресудно како за нас така и за многу држави кои веќе направија писмо со намери за испорака на вакцината беше фактот за достапноста до сите информации за учинокот, а и несканите моменти кои ги има вакцината до оваа фаза до која е дојдена, сите тие факти за  вакцината влеваат сигурност и доверба. Фактите говорат дека и во оваа втора фаза во која што е, се уште развојот на вакцината создава позитивна имунолошка реакција, а со тоа и дека по примањето самиот наш имунолошки механизам во нашето тело  ќе ја продолжи борбата со можниот инфект, вели д-р. Андоновски.

Повеќе информации за Оксфорската вакцина против корона вирусот и зошто токму за неа се одлучи нашата земја, прочитајте на Фактор.мк