ПОЗНАНСТВО
Случајното откритие за
тајниот живот на сестра ми, направи таа да ми биде уште помила. Колку и да
сакаме да му судиме некому, таа, сепак, заработуваше чесно, со нејзин труд. Дали
е морално или не и тоа не може да се знае бидејќи и тоа е професија и никој не
може да даде пресуда за другиот. И така секојдневно, ние двете ќе станевме,
појадувавме, потоа секој ден ѝ и правев друштво и одевме заедно на курс за
фризерки. Јас чекајќи ја Весна, научив како се прават фризури.
Во салонот доаѓаше различен свет и можеше многу да се научи за животот од муабетите со муштериките бидејќи секоја од нив си раскажуваше различна приказна. Исто така, се зближивме и со газдарицата и со персоналот од салонот. Имаше една девојка од салонот, Александра со која што многу се зближив и секогаш ме канеше да излеземе заедно со нејзиното друштво.
Попладне ни стана обичај да се шетаме низ град. Ќе седневме да пиеме кафе, потоа разгледувавме и купувавме гардероба по продавници. Кога и да ми се допаднеше нешто, Весна ми го купуваше и секогаш ми велеше: „Милка, ти мораш да го средиш на поинаков начин твојот живот. Не на ист начин како мојот. Сите сме различни. Ако сакаш запиши се на факултет. Знаеш дека сè ќе направам за тебе“.
Се двоумев што да правам. Беше лето и уште имаше време до септември. Оставив на времето. Ако не најдам некоја работа до септември, може и да се запишам на факултет.
В сабота кога бевме во фризерскиот салон, Александра ме покани да одиме вечерта в диско со нејзините другарки: Тина, Магдалена и Ружица. Се двоумев, но Весна ми дозволи да одам, рече и таа ќе имала друштво истата вечер. Се дотерав и вечерта се чекавме пред диско. Сите беа убави и дотерани. Облеков зелен фустан што одлично одговараше со моите зелени очи. На прв поглед, сите ме прифатија пријатно. Првпат во животот влегов в диско. Беше преполно, ништо не се гледаше од димот од цигарите и од полутемнината. Имаше и ласери што цело време ја правеа дискотеката магично убава.
Многу сакав да играм и затоа уште од врата кога слушнав музика започнав да играм. По некое време, видов едно високо момче кое разговараше со Александра и со нејзините другарки. Беше симпатичен, со убави црти на лицето, со очила. Потоа, ми се приближи и ме замоли да играме. Прифатив бидејќи забележав дека е близок со Александра и со другарките. Ми ја фати раката и заедно игравме. Бев збунета.
Досега, имав излезено неколку пати со момчиња, но тоа беа некои мали авантури што завршуваа со обичен бакнеж. Тој ме прегрна околу половината. Се почувствував како да го знам многу одамна. Мислев дека срцето ќе ми излета од градите. Игравме некое време, па се приближивме кон другите. Александра се насмеа и ни рече: „Вие веќе се запознавте, ова е братучед ми Марко. Го погледнав во неговите продорни зелени очи. Слични беа на моите. Искрено ми се допаѓаше, а можеби и јас нему“.
Вечерта се понуди да ме испрати. Беше сериозен и на разделба ми кажа: „Милка кога ќе се видиме?“ Климнав со главата бидејќи ми беше срам да му кажам „да“. „Добро“, рече Марко и додаде: „Ќе одам на одмор утре и кога ќе се вратам, ќе те побарам“.
Влегов дома в темно. Можев и без светло да ja изодам цела улица, немаше да ми биде тешко. Стомакот ми играше од пеперутките кои ми играа и си мислев дека ќе летнам заедно со нив. Се сетив дека и сестра ми има гостин. Отидов полека во дневната соба. Таа се наоѓаше спроти кујната и спроти спалната. Весна со нејзиниот партнер не ме ни забележаа.
Колку беше убава сестра ми. Ја погледнав од дневната соба. Беше облечена едноставно, но беше привлечна. Тоа беше нејзината дневна црвено-црна комбинација. Црвени чорапи, чевли и црно мини здолниште што ги истакнуваше нејзините убави нозе. Горе имаше тесна маичка со куси ракави што ги оцртуваше нејзините брадавици. Таа беше толку слатка, кукла. Седната нога врз нога. Ѝ се гледаа чорапите. Неговата рака ја имаше ставено врз нејзиниот бут. Пиеја, таа сок, тој ракија.
Весна го прашуваше дали сака кафе. „Не“, ѝ рече тој и ѝ кажа: „Дојди маче да го фатиш овој топол „другар“ што ми врие во гаќите“. Таа му го отвори патентот и го извлече неговиот „другар.“ Таа почна да му го „пуши“ додека тој почна да ја бакнува по вратот, градите и устата. Таа го повлече и заедно прегрнати отидоа и легнаа на спалната. Минатиот пат гледав случајно, а сега имам нова ситуација, а и морав да учам нешто од вештините на сестра ми. Ако Весна беше виртуоз, јас бев аматер во друштво со машка личност. На спалната, таа продолжи да му го „пуши“, а тој ја соблекуваше дел по дел. Ѝ го остави градникот. Потоа, таа стана, почна да му ја соблекува кошулата и панталоните. После, се качи врз него, лесно падна, а тој ја зграпчи за рацете.
Таа полека почна да влегува и се набиваше длабоко до јајцата. Неговите раце шетаа насекаде низ нејзиното тело, а таа да го возбуди уште повеќе дишеше длабоко и почна да вика на глас: „Колку си добар!“, „Единствен мој!“, „Сакам само со тебе да имам секс!“, „Многу ме привлекуваш!“. Тој, исто така, дишеше длабоко, шепотеше неразбирливо, всушност бревташе. Весна почна појако да се набива врз него. По некое време, ја тргна од него и почна да прска топла семена течност. Беше пресреќен. Сестра ми му помогна да стане и го облече. Ѝ остави пари на столчето и ѝ рече на заминување: „Весна, многу ти благодарам што ми помагаш. Другата недела ако сум овде пак ќе поминам. Ти оставив пари плус да се почестиш“. „Добро“, му кажа Весна и дополни: „Јави се да се договориме“.
Ја затвори вратата, влезе во дневната и ми рече: „Сестро, те сетив кога дојде. Но, морав да ја завршам работата и да го испратам клиентот. Сега може убаво да се видиме“. Од што бев весела не ја ни слушав. Ги зеде парите и ми кажа: „Утре одиме на пазарење“. Кога забележа дека не реагирам ме праша: „Милке, што се случува?“, Ѝ кажав како се запознав со Марко и ми рече: „Чекај, прво ќе го провериме Марко“. Утре ќе одиме во салонот и Александра ќе ни објасни сè. Отидов да си легнам не сакајќи да го уништам значајниот настан.
АНОНИМНА