Познат епидемиолог со силна порака: Неговите зборови значат живот!

Добивај вести на Viber

Д-р Фаучи ги повика граѓаните да се вакцинираат и да бидат „дел од решението“

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ги повика граѓаните „да бидат дел од решението“ и да се вакцинираат кога вакцината против вирусот ковид-29 ќе биде достапна, додека САД се подготвуваат за првата фаза на имунизација против ковид-19.

- Кажете си дека нема да бидете личноста преку која вирусот ќе помине на друга личност, запрете го пренесувањето на ковид-19 - му рече Фаучи вчера на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукенберг.

Во Соединетите држави, вирусот се шири со голема стапка, а минатиот месец 20 пати беше забележан рекорден број пациенти хоспитализирани за ковид-19. Последниот најголем број на хоспитализирани пациенти е забележан во понеделникот, кога е потврдено дека 96.039 лица се во болница.

Досега се пријавени 13,5 милиони случаи на ковиди-19 и 268.045 смртни случаи во земјата.

Празничните собири претставуваат висок ризик од ширење на вирусот од страна на асимптоматски пациенти, а службените лица имаат предвид дека се подготвуваат за првата фаза на вакцинација против ковид-19.

Вакцините произведени од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ чекаат да добијат дозвола за итна употреба, а федералните држави треба да достават барање за бројот на дози на вакцините „Фајзер“ до петок.

Вакцините ќе бидат доставени кога Администрацијата за храна и лекови издава дозвола за итна употреба и кога Центрите за контрола и превенција на болести ќе развијат упатства за приоритетните групи за вакцинација.

Вакцинацијата ќе започне на денот кога се доставуваат вакцините или следниот ден, велат надлежните.

Дури и откако ќе започне вакцинацијата во декември, нема да има доволно вакцина за масовна имунизација до април или мај 2021 година, рече Фаучи.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Се јавува кај пациенти кои имале коронавирус: Симптом дека сте прележале Ковид-19, а не сте знаеле за тоа