Познат лекар 30 години го истражувал ракот и тврди дека може да се спречи со следење на 7 правила: „Канцерот е резултат на начинот на живот, а не на генетика“
Д-р Томас Сејфрид е професор по биологија, биохемија и генетика и има посветено повеќе од 30 години на истражување на потеклото и превенцијата на ракот. Неговата порака е дека ракот може да се спречи, а наведува и дека оваа злокобна болест е предизвикана од начинот на одгледување на земјоделските култури, а не од генетиката.
Ракот често се смета за генетска болест, но д-р Сејфрид го тврди спротивното, засновајќи ги своите тврдења на огромниот доказ дека ракот е метаболичко нарушување. Ова откритие ја отвора вратата за нови методи за превенција и третман на рак, кои се фокусираат на промените во исхраната и начинот на живот.
Угледниот научник го наведува примерот на Пабло Кели, пациент со тежок облик на рак на мозокот, кој одбил стандарден третман и прифатил метаболички пристап, вклучувајќи диета со малку јаглени хидрати. По три години туморот се намалил и постоела можност за операција, по што Кели успешно закрепнал.
Д-р Томас Сејфрид често зборува за тоа во медиумите и ги сподели седумте најважни правила за превенција од рак:
1. Одржувајте стабилно ниво на шеќер во крвта
Високото ниво на гликоза и инсулин може да ги нахрани клетките на ракот. Сејфрид ја нагласува важноста од одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта со избегнување на шеќер, рафинирани јаглехидрати, преработено месо и храна генерално богата со шеќер, што може да доведе до хронично воспаление и да го зголеми ризикот од развој на рак.
2. Кето диета
Д-р Сејфрид ја застапува кето диетата, која е диета со многу малку јаглени хидрати и многу маснотии. Со оваа диета, наместо да ја користи гликозата како примарен извор на енергија, телото се префрла на согорување на масти и кетони. Бидејќи клетките на ракот првенствено се потпираат на гликозата за поделба, ограничувањето на гликозата ги изгладнува клетките на ракот и го подобрува здравјето.
Храната што би ја консумирале на оваа диета се јаткасти плодови, маслиново масло, авокадо, зеленчук со малку јаглехидрати, посни протеини (на пр. риба).
Сепак, важно е да се консултирате со лекар пред да направите какви било промени во исхраната.
3. Превенција на воспаление
Хроничното воспаление е тесно поврзано со ракот. Д-р Сејфрид советува да се усвои антиинфламаторен начин на живот, кој вклучува избегнување на преработена храна и шеќер, потоа конзумирање антиинфламаторна храна како куркума, масна риба, зелен чај итн. Тој советува и намалување на стресот преку медитација и длабоко дишење.
4. Пост
Д-р Сејфрид е исто така голем поборник за постот. Постот ја намалува гликозата во крвта и го зголемува производството на кетони, кои клетките на ракот не можат ефикасно да ги користат. Ова помага да се спречи нивниот раст. Исто така, советува повремена автофагија - процес на чистење на оштетените клетки во телото.
5. Намалете го стресот
Хроничниот стрес ги оштетува митохондриите и го зголемува воспалението во телото, па лекарот предупредува дека одморот треба да биде поголем приоритет.
6. Редовно вежбање
Д-р Сејфрид нагласува дека редовното вежбање е од витално значење за превенција од рак бидејќи ја подобрува митохондријалната функција, го намалува шеќерот во крвта и го намалува воспалението.
7. Редовен и квалитетен сон
„За време на спиењето, нашето тело се опоравува и заздравува, особено нашите митохондрии. Колку подобро и повеќе спиеме, толку нашето тело ќе биде поздраво и поактивно, односно пофункционално во одбрана од клетките на ракот“, вели докторот.
Д-р Сејфрид за „Мирор“ изјави и дека случаите на рак биле ретки меѓу африканските племиња кои живееле традиционално, но се зголемиле со модерниот начин на живот. Ова исто така укажува на важноста на начинот на живот во превенцијата од рак.