Познат научник предупредува на Ковид-22 кој може да стане полош од она на што сме сведоци досега
Aмериканскиот научник Саи Реди, кој повеќе од 15 години работи на Одделот за наука и инженерство на биосистеми на ЕТХ во Базел, швајцарија, во интервју за весникот „Блик“ вели дека иако Делта варијантата досега не развила нова мутација, сепак тоа е неизбежно во наредниот период.
-Тоа е неизбежно. Тоа е следната фаза на пандемијата кога Бета или Гама стануваат поинфективни или Делта развива мутации. Тоа ќе биде големиот проблем за наредната година. Ковид-22 може да стане полош од она на што сме сведоци сега. Ако се појави таква варијанта, мора да ја препознаеме што е можно порано и производителите на вакцини треба брзо да ја прилагодат вакцината. Појавата на оваа нова варијанта е голем ризик. Мораме да се подготвиме за тоа. Многу е веројатно дека ќе се појави нова варијанта каде што веќе не можеме да се потпираме само на вакцинација. И каде и да се појави, сигурно ќе стигне до Швајцарија. Затоа мораме да бидеме подготвени за неколку вакцини во следните неколку години, кои постојано се прилагодуваат на новите варијанти, нагласува научникот Реди за Блиц.