Познат педијатар одговори: Опасно ли е децата во изолација да поминуваат повеќе време со технологија

Добивај вести на Viber

Дали родителите треба да се грижат затоа што децата се повеќе изложени на технологија од вообичаеното за време на изолација?
Со пандемијата на коронавирусот, затворањето на градинките и училиштата, децата поминуваат повеќе време од вообичаеното пред екраните.

Иако родителите се обидуваат да најдат интерес дома, цртаните филмови и игрите вешто го привлекуваат вниманието на најмладите, така е неизбежно и тие поминуваат добар дел од денот пред ТВ, телефон или таблет.

Поради коронавирусот, многу деца и родители кои немаат дворови и тераси, се принудени да поминуваат време дома.
Советот на психологот Алексаднра Милетич,  е дека не треба целосно да се забранат цртани филмови и  играње игри, но важно е времето да е ограничено. Секој поглед на екранот подолго од еден час го отежнува нивното одвојување од екранот.


Се покажа дека по гледањето телевизија, децата многу често стануваат поиперактивни и раздразливи. Поради овие факти родителите се разумно загрижени.
Педијатар д-р Александра Милетиќ, објасни дека родителите не треба многу да се грижат.

На прашањето како, кога сето ова ќе се среди, како ќе ги одделиме децата од тоа да не гледаат на екраните, таа вели дека нема да биде проблем.

„Ова не е толку долг временски период да се грижите за тоа како ќе се однесува детето. Навиката која трае еден месец или два не е проблем да се искорени. Детето нема да биде пред екранот цел ден, дружете се заедно, играјте друштвени игри, не лути се човече, монопол или некои други социјални игри“, советува д-р Милетиќ.


Бидејќи во парковите и градинките нема играње, местата каде порано трошеле најмногу енергија децата, а времето надвор сега е максимално ограничено за нашата безбедност, многу родители се прашуваат како децата ќе можат да го заменат престојот на свеж воздух.

„ Многу е важно често да се проветрува просторијата во која престојувате заедно со вашето дете со вообичаени активности. Ова е уникатно време што ни е дадено, да го поминеме со нашите деца, а вие ќе замените сè со тоа што ќе им ја дадете целата љубов во овој период “ заклучува д-р Александра Милетиќ.


Рецепт стар еден век: Педијатарот Ернест Моро со обична супа од моркови спаси милиони деца