Познат вирусолог: Првиот вид на корона вирусот веќе исчезнува

Добивај вести на Viber

Истакнатиот бугарски вирусолог, проф. д-р. Радостина Александрова, за Бугарската Национална Телевизија изјави дека има пријавени случаи со повторна инфекција со корона вирусот, но посочува дека, втората инфекција е различна од првата.

Таа во емисијата на БНТ „Денот започнува“ истакна дека ова има е и позитивна страна, бидејќи на овој начин се засилува имунитетот на луѓето.

Според неа, ваквите случаи на повторна инфекција, во која испитувањата покажуваат разлики, се доказ дека првиот вид на вирус веќе исчезнува.

-Во Европа има три - 1 главен и неговите 2 поттипа. Решението за колективниот имунитет е вакцината, но ние мора да размислуваме трезвено. Нема начин да се знае сè за вакцината за неколку месеци, посочи д-р. Александрова во студиото на БНТ.