Познат вирусолог за вакцината против ковид-19: Тоа е единствениот спас, коронавирусот е зло

Добивај вести на Viber

Тој посочува дека е многу важно за време на третманот да се вклучат антибиотици веднаш

Светот со месеци се бори со опасниот вирус ковид-19. Многумина спасот од оваа болест го гледаат во вакцината, сепак, дел од популацијата сè уште негодува и верува дека вакцината не е безбедна. По 30 години работа во Канада, еден од најстарите вирусолози од Србија, професор по вирусологија и заразни болести на Земјоделскиот факултет во Нови Сад, Драган Роган, ја потенцира важноста на вакцината и нагласува дека вирусот е големо зло.

- Работев во Канада како вируолог и слободно можам да кажам дека вакцината е спас. Перцепцијата за вакцината што ја слушам е негативна, таа е карактеристична за луѓето кои малку знаат за биологијата и кои не веруваат, вакцината не може да се регистрира доколку има минимум сомневање дека ќе има несакани ефекти - вели Роган за РИНА.

Вакцината веќе доби дозвола во САД и ќе започне да се произведува, а веројатно до април таканаречениот имунитет ќе се постигне преку вакцинација. Што значи дека сите ќе сме безбедни од мај. Вакцините што се регистрираат во моментов се направени со специјална технологија и се многу успешни. Официјално, 70 проценти е успех за време на првата вакцинација, а успехот за време на втората е околу 90 проценти - вели Драган Роган, професор по вирусологија и заразни болести, за Рина.

Како што вели, во зависност од имунолошкиот одговор на вирусот, потребни се една или две вакцини.


Фото: RINA

Можеби ќе ве интересира: