Познатата блогерка блесна како невеста: Стефанија Несторовска направи свадба по сите обичаи (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Стефанија Несторовска е девојка од Скопје на која вежбањето ѝ е дел од секојдневната рутина веќе неколку години. Желбата за подобра исхрана спонтано се разви во она што денес претставува Инстаграм профилот на младата девојка, а ја охрабри и да го отвори локалот каде може да најдете само здрава храна „Хелтиш“. Нејзините рецепти ги обожаваат сите, а нивното смислување и тестирање за Стефанија претставува релаксација.

Откако во февруари оваа година, нејзиниот партнер Стефан ја запроси во Дубаи, тие вчера направи и свадба.

Двајцата беа како да се излезени од бајка. Стефанија блесна во прекрасната венчаница, додека Стефан изгледаше како вистински господин во костумот кој го имаше одбрано за оваа пригода.

Тие, направија свадба по сите обичаи - од дневна забава, преку венчавка во црква, матично, за круна на целиот ден да биде прославата во еден скопски ресторан.

Првиот танц го играа на „Илузија“, песната која Тоше Проески ја испеа на почетокот на својата кариера и со стиховите од оваа песна ја отворија свадбената веселба.

Фотографиите свадбата на Стефанија и Стефан може да ги погледнете во продолжение:

фото: Принтскрин / Инстаграм