Празничната кампања на Ladna со значајна порака

Добивај вести на Viber

За време на празниците сите уживаме во размена на подароци со нашите блиски и за многумина ова е една од омилените празнични традиции. Во својата најнова, празнична кампања, брендот Ladna нѐ потсетува дека подароците не секогаш мора да имаат материјална форма, и дека не треба многу за да им го разубавиме денот на оние околу нас.


Традиционално, за време на празничната сезона, Ladna ги користи своите комуникациски платформи за да ги истакне работите кои се вистински важни. Оваа година, во правиот дух на празниците, ја поканија својата публика да ја рашири празничната магија преку мали добри дела, кои често не чинат ништо, но насмевките кои ќе ги предизвикаат се бесценети.

„Како компанија која нуди свои производи на пазарот, во текот на годината реализираме многубројни промотивни и продажни кампањи и активности, но како општествено одговорна компанија, за време на празничната сезона секогаш сакаме фокусот да го насочиме токму на работите кои ги прават празниците најубавиот период од годината: времето поминато заедно, вниманието, заедништвото, емпатијата и поддршката“ – велат од Ladna

Со таа цел, на нивниот Facebook и Instagram профил можете да најдете инспирација за мали добри дела преку кои ќе донесете радост и топлина не само во вашиот дом туку и во вашата поширока заедница и кои уште еднаш ќе покажат дека нашето време и внимание се најубавиот подарок.