Пред 10 години се повлече од глумата за да се грижи за болната сопруга: Чак Норис и Џина се сакаат како првиот ден

Се повлече од јавноста со единствена цел, да се грижи и да ја спаси сопругата, легендарниот Чак Норис вчера го прослави својот 82-ри роденден и со Џина се сака како и првиот ден, пред 25 години.

Чак Норис немал ни идеја дека ќе стане актер, а уште помалку дека ќе биде легенда и една од најпопуларните личности во целиот свет. Сепак, љубовта кон боречките вештини го однела на овој неочекуван пат.

Во текот на 1950-тите и 1960-тите, додека служел воен рок, почнал да учи боречки вештини. По завршувањето на воениот рок, тој не само што стана шампион во карате, туку отвори и голем број карате студија во кои работеше како тренер на многу познати личности. Токму тие врски со познатите го инспирираа да се испроба во актерството. Неговото пријателство со легендарниот Брус Ли резултираше со неговото појавување во филмот „Enter the Dragon“.

По првиот филм, следеа нови улоги и му беше отворен патот до славата. Во текот на 70-тите и 80-тите, тој стана една од најголемите акциони ѕвезди на големото платно, но улогата што го одбележа неговиот живот следеше дваесет години подоцна. Станува збор за Вокер, ренџер од Тексас. Истоимената серија се емитуваше осум години и се претвори во култен феномен.

Но, Чак Норис речиси повеќе не се појавува во јавноста.

Поминаа речиси 10 години од неговата последна филмска улога, а тој има добра причина за отсуството од филмското платно.

Имено, неговата сопруга Џина во 2017 година се разболела од мистериозна болест, за која се покажало дека е ревматоиден артритис. Поради грешка на докторот се' се искомплицирало.
Џина почнала да чувствува болки во зглобовите, слабост, болка во ребрата и треперење на целото тело. Ослабела 15 килограми и морала да јаде бебешка храна бидејќи тешко голтала.

Џина конечно се опорави во клиника во Невада, но нејзиниот сопруг сепак го напушти Холивуд за да се грижи за неа. Против лекарот беше поднесена тужба, но сепак се откажаа од судењето во 2020 година.

Чак Норис се промени многу, па повеќе не личи на мускулестиот херој што го паметиме. Со оглед на тоа што го прослави својот 82 роденден, тоа е сосема разбирливо.
А во последно време знае да објави и по некоја фотка со Џина на која забележливо е дека се сакаат исто како и првиот ден, кога се запознаа пред 25 години, а неодамна прославија 23-годишнина од бракот.

Тие живеат повлечени на мирно место.

Тој зборуваше дека кога се повлекол од јавноста, имал само една цел - да ја спаси неговата сакана сопруга.

извор:stil.kurir.rs

фото:instagram