Пред 4 дена наполни 89 год. а потоа се случи несреќа во нејзиниот дом: Софија Лорен итно примена во болница и оперирана

Добивај вести на Viber

Според италијанскиот весник „Кориере“, Софија Лорен, која на 20 септември наполни 89 години, се лизнала и паднала во бањата во својот дом во Женева.

Извор близок до весникот наведува дека Софија Лорен веднаш била пренесена во болница за да биде прегледана и дијагностицирана со фрактура на бутната коска. Поради тешка повреда таа морала да биде оперирана.

„Софија попладнето беше оперирана со позитивен исход, сега ја чека рехабилитација.“

Имено, пред повредата, а потоа и операцијата, италијанската дива се подготвувала за патувањето и отворањето на четвртиот ресторан кој го носи нејзиното име во Италија.

Софија Лорен можеби е во доцните осумдесетти години, но вели дека се чувствува со децении помлада. Имено, за време на промоцијата на филмот „The Life Ahead“, кој дебитираше на Нетфликс пред три години, актерката изјави дека се чувствува како да има дваесетина години.

„Ако си здрав и правиш нешто во што уживаш, не можеш да помислиш - Боже, утре ќе умрам. Зошто некој би го променил своето тело за да личи на некој друг ако е навистина среќен. Никогаш не сум размислувала за тоа. Го сакам тоа што го имам. Се сакам себеси“, рекла Лорен.

Софија Лорен и на 88 години има посебна убавина: Годините не ѝ можат ништо, а еве која е нејзината тајна

Една од најубавите жени во светот никогаш не ги депелираше пазувите: Софија Лорен редовно го покажуваше тоа и пред 70 години на никој не му пречеше