Пред една деценија си отиде од Македонија но никогаш не се откажа од музика: Еве како денес изгледа Александра Пилева
Рокерката и еден од најдобрите наши женски вокали, Александра Пилева скоро една деценија живее во САД и никогаш не се откажа од музиката.
Во 2013 година, со сопругот Зоран Чадиев и со синот Лука, Пилева се пресели во Чикаго, САД.
Александра беше дел од ѕвездите на продуцентската куќа „М2“, а нејзин најголем хит е „Нема утеха“, победничката песна на „Макфест“ во 2004 година. „Ангел мој“ и „Сонце и месечина“ се исто така нејзини познати песни.
Пред да заминат во САД, Пилева и Чадиев беа сопственици на кафе бар во Скопје.
Пејачката не се променила многу, и понатаму е истата убавица која продолжува да се занимава со музика.
Од фотографиите на Инстаграм можеме да видиме дека пораснал и Лука. Тој се занимава со тенис и има освојувано многу награди.
Р.Ж.М