Пред огледало со Адријана Алачки: Не користам ботокс, се плашам од неприроден изглед

Добивај вести на Viber

Пејачката, автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ и претседател на здружението „Гастромак“ , Адријана Алачки е една од најнегуваните жени од јавниот живот. Вели дека најдобрата природна терапија ѝ се децата и внуката, кои ѝ ги создале сите брчки, но за неа се и терапија против стареење. Токму на третиот роденден на здружението „Гастромак“ кој ќе се слави вечерва, Алачки зборува за своите козметички ритуали. 

* Kаков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Секое утро е нов предизвик, a најважно од се е да се разбудиш среќен. Да се заблагодариш на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена. Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна. Ако го миете лицето а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието. Здрав и стабилен ум , дава отсјај на лицето. Многу е лесно сите да кажеме дека користиме вакви или такви препарати, но нашето поднебје ни дава многу можност за користење на природната козметика. На пример, наутро кога цедам лимон,  кората и пулпата од лимонот се фантастична маска за лицето. Додека пиете чај, таа делува. Наместо кремите со витамин Ц, тоникот го заменувам често со зелен чај во погуста концентрација. Потоа следува дневната шминка, која е во зависност од времето кое го имам на располагање. Задолжително ставам течна пудра со заштитен фактор, тоа не е луксуз туку потреба на секоја жена.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Јас сум клиент на „Силуете“ точно 20 години. Никогаш не го изневерив, затоа што постои голема доверба. Високо проесионалниот кадар во „Силуете“ е одговорен за комплетната проесионална нега на моето лице. Од радиофреквенција, мезотерапија, рачен лифтинг, криолфитинг.

Поради начинот на живот, долготрајните снимања, патувања, ангажмани, стресот и заморот кој го прави своето,  сите овие третмани се со брзи ефекти и хидратација на кожата на лицето, кога морам за 30 минути да изгледам „свежо и одморено“. Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице. И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив. Парадоксот на животната козметика. Од децата ти се и брчките и „антиејџ“ терапијата.

Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања, верувајте, од глетката се чувствувам страшно. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Кога се работи за косата, секогаш мислам дека најмалку внимание ѝ обрнуваме, што е погрешно. Таа е исто таа подложна на постојани фенирања, пресушување, изложување на сонце. И затоа повторно и кај неа ги користам природните маски, како маслиново масло, арганово масло, крем од кокос, и никогаш не ја променив бојата на косата.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

Еуцеринот е мојата омилена фармацевтска линија, но повремено правам и своја крема на следниот начин: Во „Бекутан“ кремот ставам витамин Е, кокосово масло, витамин Ц, капки АД 3, и перли со Q10. Тоа е мојата омилена терапија за лице. Го препорачувам овој рецепт за секоја жена.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

Во мојот несесер има сѐ и сешто. Секогаш имам кармин, огледало, пинцета, пудра, креон, острилка, сјај за усни и секогаш имам шминки за мојата внука Јана. Обожава да се шминка. Дома имаме катче кое е наменето како шминкерница за Јана.

* Омилен парфем?

- „Палома пикасо“ од многу одамна, а постојано го користам „Опиум“ и „Коко Шанел“.

* Како ја одржувате линијата?

- За линијата. Уф, тешко е. Сега, како претседател на Гастромак и автор и водител на “Вкусот на традицијата“ сум постојано со најубавата и највкусната храна на светот, но сепак сум задоволна. Мојата конструкција е од секогаш позаоблена, но како велат во песната, „Кило доле- кило горе“. Ја активирам протеинската диета, „Силуете“ третманите и пешачење. 

На „Гастромак“ му претстојат следниве патувања: светскиот натпревар во Римини, од 17 до 1 евруари, 26 до 1 март во Украина, од 1 до 4 март во Милано, Кореа од 10 до 13 мај, Монголија од 1 до 5 јуни. Април се Хвар и Будва. Измир е 1 до 5 мај. Е, сега кога ќе се пресмета колку се и какви сѐ видови храна ќе се дегустираат. Морам веднаш да ја започнам мојата диета, хахаха. 

Милица Џаровска