Пред огледало со Елена Јовческа: Сакам да сум природна како што и изгледам
Елена Јовческа е позната македонска фолк пејачка. Многумина ја знаат како амбасадор на македонската култура и традиција, а и како свирач на изворни музички инструменти како гајдата и зурлата.
За Женски магазин, Елена ги открива ритуалите за убавина. Она што го практикува таа за да ја одржи фигурата е исхраната и вежбањето.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
Да бидам искрена јас сум личност која не користи многу козметика и кога не сум на настап сакам да изгледам најприродно. Токму затоа не преферирам да користам многу козметика. Природно си е природно .
* Како ја одржувате линијата?
* Со какви препарати го негувате лицето?
Јас? (Се смее) Можеби ќе ви звучи смешно, но јас користам бебешка козметика Бекутан а често знам да ставам и кокосово масло.
* Посетувате ли козметички салони?
Да, посетувам козметички салони, нема кој не ги посетува во денешно време, меѓутоа не толку многу често.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
За мојата коса и за мојот изглед се грижи мојот стилист Алек Палада, но она што е задолжително кај мене е бадемовото масло за коса .
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
За шминката исто така оставам се во раце на Алек и не се бунам кога е во прашање мојата шминка бидејки го имам најдобриот и знам како ќе изгледам после неговите магични раце. А како што кажав јас сум личност која преку ден не се шминка и сакам да сум природна како што ѝ изгледам.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
Немам некој бренд на козметички производи меѓутоа ете можам да издвојам некои производи од „Victoria's Secret“.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
Во мојот несесер ....хммм... лак за коса, сјај за уста, крем за раце, влажни марамици, маскара, парфем....
* Омилен парфем?
Омилен парфем ми е „Versace Crystal“
Линијата моја (се смее) тешко прашање... Внимавање на исхрана и многу вежбање. Веќе тренирам кик бокс. Во Прилеп тренирав кај мојот драг пријател Филип Сливјаноски, а сега бидејки живеам во Скопје тренирам кај Иле Ристески .
И.С.