Пред огледало со Елена Петреска: Не се фарбам и не се фенирам
Пејачката Елена Петреска-Толевска важи за еден од нашите најдобри вокали и за една од од најнегуваните жени на домашната естрада. Затоа и нејзиниот козметички ритуал е толку богат. Елена е мајка на Михаел и на Софија, сопруга на Андреј и деновиве има набиена агенда како дел од жирито на новото талент шоу “Ѕвезда број 1“. Ја исполнува нејзината работа во хорот на Македонската опера и балет, настапите, и му се радува на скорото диполмирање на Факултетот за музичка уметност, на отсекот Џез пеење.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Секое утро го мијам лицето со сапун, го бришам поагресивно со пешкир за да направам благ пилинг. Потоа ставам серум Vichy aquatermalia, па крема Vichy slow age на лице, а на контурите од лицето и на вратот ставам VICHY NEOVADIOL која прави лифтинг на тие зони. Преку ден почесто ставам коретор околу оци на Art Deco, а кога ставам пудра тоа е Vichy dermablend 3d effect која е покривна со мат ефект зошто не обожавам Т зоната да ми свети. Шминката ја вадам со мицерална вода, навечер пред спиење ставам лосион и благ пилинг и повторно од NEOVADIOL на вратот у контурите на лицето, Slow age и крема за околу очи.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Како што кажав во претходното прашање користам Vichy и Art Deco козметика и исто така La Roche млеко за тело.
* Посетувате ли козметички салони?
- Не верував многу на козметички третмани сѐ додека не почнав да го правам Oxy третманот и ПРП третманот во Промоиталиа.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Мојот шампон дефинитивно е Schwarzkopf total repair . Имам природно многу црна, сјајна и права коса, не ја фарбам, не ја фенирам, шампонот и спрејот за расчешлување од истата фирма ми се единственото нешто со што ја одржувам.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Сакам убаво контурирана подлога, кога тенот ми е добро контуриран се чувстувам најубаво, секогаш ги истакнувам очите а карминот ми е неутрален. Не прикривам ништо, освен кога сум без шминка ставам коретктор околу очи.
* Кои се вашите омилени козметички производи?
- Омилени козметички производи на Vichy, Art deco, Revlon, Estee Lauder, Shiseidu, Dior.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Секогаш носам коретор, руж, голема четка за руж, мат кармин и црн креон. Постојано сум во движење и буквално секога го носам со мене.
* Омилен парфем?
- Секогаш користам исти парфеми со години, сите што ме знаат ме препознаваат по парфемот. Chanel chanse, Dolce&Gabanna Light blue и Burberry The beet.
* Како ја одржувате линијата?
- Веган сум, односно вегетаријанец, освен риба и морски плодови не јадам ништо од животинско потекло. Затоа не знам во која група да се ставам. Во Промоиталиа покрај останатите третмани, правам антицелулитни масажи кои се најефективни за смалување на обем и најтопло ги препорачувам.
М.Џаровска