Пред огледало со Фросина Ангеловска: Никогаш не сум успеала да се задоволам само со пудра и маскара

Добивај вести на Viber

Познатата модна дизајнерка, стилистка, шминкерка и сопственичка на модното студио „Фран“, Фросина Ангеловска, пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина, како и своите омилени козметички производи со кои знае да направи вистинска магија.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Наутро мијам лице само со вода,а потоа нанесувам серум+крем, а некогаш и само крем, зависно од тоа дали ќе се шминкам дента или не.
Доколку сум носела шминка, навечер го мијам лицето два пати, еднаш со маслен отстранувач за шминка, еднаш со гел, а потоа нанесувам серум и крема за лице. Понекогаш (ако сум расположена) нанесувам и тонер измеѓу, но често го заборавам, така да не би рекла дека е дел од мојата секојдневна рутина.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Користам „early anti age“ козметика од својата 25-та година и тоа ми е незаменлив дел од рутината. Најчесто европска „high-end“ козметика, а дополнително повремено експериментирам со корејски креми и серуми кои се покажаа како одлични.

* Посетувате ли козметички салони?

- Не. Не дека не би сакала. Не можам да си го дозволам тој луксуз од временски аспект. Едвај успевам да најдам време за задолжителните депилација и педикир. Кога ќе имам повеќе време би сакала еден третман... еден релаксирачки „facial“.

 * Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Шампон, регенератор, маска и спрејчиња за расчешлување. Ова е при секое миење.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Да ги прикријам сè поголемите подочници, а да ги истакнам сите останати црти на лицето. За мене шминката секогаш треба да биде комлетна. Никогаш не сум успеала да се задоволам само со пудра и маскара. Или пудра и кармин. Или сè или ништо.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

Омилени козметички производи:

- крем за лице од „hada labo“

- база за шминка „ARTDECO“

- кармин „longstay Golden Rose“ (best value for your money!!!)

- моливче за уста „MAKEUP FACTORY“

- спреј „MAC fix plus“ за милион и една намена

- магнетни трепки „FRAN“

- пудра за лице „FENTY“

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Во несесер секогаш имам производи за „full face makeup“. Никогаш не знам што ќе ми притреба, а чантата ми е секако голема.

 * Омилен парфем?

- Sì (Armani) / Addict (Dior).

* Како ја одржувате линијата?

- Ја одржувам заоблена.


*Д.К.И.