Пред огледало со Катерина Шехтанска: Особено лице не се доверува секому

Добивај вести на Viber

Катерина Шехтанска е една од најатрактивните актерки кај нас. Најзиниот глас редовно го слушаме во многубројните турски серии бидејќи таа го позајмува гласот во голем дел од нив. Исто така таа е дел од Драмскиот театар во Скопје и е дел од многу рекламни проекти. Неодамна во едно интервју Катерина се опиша себеси како брутално искрена, мрчаторка со краток фитиљ и правдољубива. Инаку е мајка на две деца и сопруга.

Шехтанска во оваа прилика за Женски магазин ги откри своите ритуали за убавина. 


* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Некој посебен дневен ритуал немам, од скоро започнав со користење на серуми ама ништо посебно. 

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Користам серум витамин Ц, хијалулон и сега почнав да ја користам линијата на Natura Therapy ELIXY snail repair дневна, ноќна и крема за под очи и repair face серум.

Шминката ја бришам само со мицеларна вода и секогаш задолжително со маслиново масло.

Секогаш гледам да користам природни препарати поради осетливата кожа што ја имам и секако поради професијата бидејќи кожата ми е изложена на јака шминка и не ретко знае да покаже иритација и црвенило, а исто така ми е мноооогу сува па затоа освен горенаведените козметички производи често знам и кокосово масло да користам.

* Посетувате ли козметички салони?

- Козметички салони многу не посетувам, од пред една година почнав да одам кај мојата долгогодишна другарка Maggie Medici која е и шминкер и веќе 25 години таа се грижи за мојата шминка. Ѝ се препуштам целосно на нејзе затоа што имам доверба, а лице богами не се доверува секому.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Исто така и косата е доверена на мојот долгогодишен другар Бубе од Студио ИН и таму ми ја негуваат со козметика која е навистина квалитетна, секогаш имам нано третмани, или маски за зајакнување и живоста на влакното и се разбира редовно шишање, а дома знам да ѝ ставам маслиново масло и кокос кога ке претерам и ке ја пресушам.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Освен за сцена, филм и снимање не сакам да се шминкам и одбегнувам, секогаш имам професионалци кои го прават тоа, а кога се шминкам сама ставам лесна пудра, но не на цело лице, маскара и лабело. Имам ситни очи малечки и сакам нив да ги истакнам.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Од козметика само квалитетен хидратантен крем, кокосово и маслиново масло за се‘.  Моментално Natura Therapy ја има добитната комбинација за мојата сува, дехидрирана и осетлива коза.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Во несесер имам секогаш лабело, маскара, сјај за усни, коректор, крем за раце и дезодоранс или спреј за тело. 

* Омилен парфем?

- Vip 212, Coco Mademoiselle Chanel, Calvin Klein Euphoria.

* Како ја одржувате линијата?

- Линијата не ми е на завидно ниво, ама сега ке ја доведам повторно (се смее), затоа се вратив на вежбањето.

Вежбам во Палестра фитнес центар и морам да кажам дека ми фалеше тоа многу и за енергија и да си се вратам како што си бев старата јас 12 часа да вежбам.


Н. Миланова