ПРЕД ОГЛЕДАЛО СО КРИСТИНА АРНАУДОВА: Се депилирам дома сама

Добивај вести на Viber

Пејачката и претседателка на здружението „Проект среќа„, Кристина Арнаудова, сака природен изглед. Вели дека откако станала мајка, поради недостаток на време почанала самата да си прави маски за лице, и самата да се депилира. Кристина, која важи за една од најтранспарентните наши јавни линости, ни раскажа за нејзините ритуали за убавина. 

 * Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Наутро се мијам со ладна вода, што поладна тоа подобро. Кога имам време знам да си го измасирам лицето со коцки мраз. Потоа ставам серум, или крем, за масна кожа. Последниве години почнав поинтензивно да посветувам внимание на креми, порано знаев со денови да не ставам ништо на лицето. Еден крем ми траеше една година. Сега го зголемив репертоарот на серуми и на креми, па така сакам серуми на хијалуронска база, и креми против брчки.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Последнава година користам „Бабор“ козметика, но сакам да пробувам и нови. 

Навечер обавезно го чистам лицето, а потоа нанесувам соодветен крем, или маска. Знам често да си направам природни маски, од кафе, кокосово масло, маслиново масло, кари мед и кисело млеко, која особено ја препорачувам на сите жени, по триесетата.

* Посетувате ли козметички салони?

- Козметички салон посетувам еднаш во месецот, за класичен третман, бидејќи имам масна кожа, чистење на лицето ми е неопходно. Кога имам потреба одам на масажи, а понекогаш од време на време сакам да пробам и некој нов третман, мезотерапија на лице , со витамини и хијалурон е третман кој во „Бабор салон“ го препорачувам. Морам да признаам дека поради недостаток на време, не сум баш дисциплинирана и редовна па така, најлесно ми е дома самата да си направам некој третман и маска. Кога се роди Максим, од недодтсток на време, почнав самата дома да се депилирам, и тоа до ден денес ми остана како навика, па тоа си го правам сама. Гледам да не губам многy време на тоа, бидејќи времето ми е кусо и скапо.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Препаратите постојано ги менувам, и пробувам нови. Немам особен проблем со косата. Секогаш користам соодветна маска, и ако сум на одмор, капки за негување на влакното.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- На лицето не сакам ништо посебно да прикријам, но сакам да сум секогаш фино средена, со минимално количество на шминка, речиси секогаш, освен на настапи и гостувања. Секогас имам сјај на уста, црно моливче на оците, римел и руж. Понекогаш кога ме шминкаат ја истакнувам устата, понекогаш очите, зависно од расположението и од пригодата.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Путерот за тело од „Боди шоп“ од шеа ми е омилен и на прво место, кокосовото масло ми е исто така на врвот, маска од кафе која сама ја правам е закон, од „Бабор“ крем за околу очи, и моливче за оци од “Бабор“, сјај за уста од „Ланком“. Сапуните од „Лаш“, и целата козметика за тело, со оглед на тоа што внимавам она кое го ставам на себе да е максимално природно.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Во несесер имам секогаш сјај за уста, крем за раце, римел и моливче за уста. Ако е зима имам и некаков балсам за уста.

Всушност купувам многу сјаеви за уста и во секоја ташна имам по неколку, хахаха. 

* Омилен парфем?

- Омилен Парфем ми е „Parfem Aqua di gio“ од Армани, „Euphoria“  од Армани,  „Euphoria“  од Келвин Клаин, „Bilgari Blu“, класици. 

* Како ја одржувате линијата?

- Со трчање 24/7. Здрава храна и многу свежи сокови. 

Милица Џаровска