ПРЕД ОГЛЕДАЛО со Лидија Кочовска: Од понеделник почнувам со вежбање
Лидија Кочовска е еден од нашите најквалитетни женски вокали, со песни кои станаа евергрини. Иако не е активна на домашните фестивали како порано, редовно настапува за одбрани клиенти и е дел од хорот на Македонската опера и балет. Секогаш насмеана и расположена за муабет, Лидија ни ги открива своите козметички ритуали.
* Kаков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Нормален. Наутро сум неколку часа будна порано пред да излезам, за да имам време за сѐ. Не зошто е ритуалот долг, туку зошто сум јас едно големо маткало. Наутро денот ми почнува со добар туш и нега со квалитетмо млеко за тело. Без шминка ќе излезам, но без мојот утрински ритуал за нега на кожа, не мрдам од дома.
* Со какви препарати го негувате лицето?
-За лице користам само и само Еуцерин.
* Посетувате ли козметички салони?
- Секако. Еднаш во месецот на комплетно средување. Депилација, педеикир и третман на лице.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- За тоа обратете се кај моите драги "Атеље Владимир Трајковски", тие најубаво ќе ви објаснат.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Сакам да ги истакнам очите.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Еуцерин, Викторијас Сикрет и Кедма.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Четкиче за веѓи.
* Омилен парфем?
- Alien - Thierry Mugler
* Како ја одржувате линијата?
- Линија? Години наназад сум „на полна“, си кркам и уживам. Шегата на страна (да не бидам сфатена дека „од понеделник“), овој пат навистина од овој понеделник почнувам со вежбање. Се надевам дека овој пат баш очигледно ќе вроди со плод.
Милица Џаровска