Пред огледало со Маја Поцевска: За здрав и свеж изглед на кожата треба континуирано негување

Добивај вести на Viber

Поранешната успешна македонска водителка и авторка на многу гледани забавни телевизиски емисии и ток-шоуа на многу македонски телевизии, Маја Поцевска пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Дневен козметички ритуал вообичаен години наназад секако од станување покрај личната хигиена што е неминовна основа, нанесувам дневна крема која треба да има и заштитен фактор, крема за околу очи и во последно време се покажа како добро- масажа со гумен масажер со ситни гумени влакненца и кружни движења, правам масажа и циркулација на лицето, а и подлабоко впивање на кремата, потоа следува нанесување на база пред пудра и дневна ненападна шминка. Секако во текот на денот во зависност од тоа дали ќе изглегувам некаде ја обновувам шминката, а доколку дојдам дома веднаш ја отстранувам со масло за бришење шминка, потоа мицеларна вода, па тоник и повторно крема за лице.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Препаратите за лице кои константно ги користам се како што кажав комплет за темелно отстранување шминка, масло, мицеларна вода и тоник, потоа крема за лице и околу очи и еднаш неделно ставам маска во зависност од тоа што ке почуствувам потреба дали пилинг хидратирање, освежување или нешто друго.

* Посетувате ли козметички салони?

- Секако посетувам и козметички салони, но би ја издвоила ординација „Др. Анчевски“ која е опремена со најсовремени ласери и стручен тим на кој може да се препуштите и на неагресивен и сигурен начин да ја задржите свежината и младешкиот изглед на кожата, а при тоа и да ви решат некоја проблематика која се појавила на вашата кожа. Така да што и да ме засегне знам каде да се обратам. Инаку сметам дека за здрав и свеж изглед на кожата треба континуирано негување и посветување внимание бидејќи само на тој начин може да имате добри и трајни резултати.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Искрено на коса освен некоја маска, а во последно време и знам да ставам масло пред спиење и да го оставам во текот на ноќта да навлезе во косата како би имало максимален ефект. Инаку се во врска со косата правам на фризер, секој втор ден посетувам фризерски салон

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Па искрено немам нешто посебно што би сакала да прикријам освен што сметам дека со шминката се потенцираат цртите, очите, усните и со колоритот на сенки и кармини се дава акцент и повпечатлив изглед.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Кога е козметиката во прашање поприлично експериментерам и се заситувам па менувам. „Clinique“ е бела козметика која најдолго сум ја користела инаку, скоро сите козметички линии сакам да ги пробам, а од декоратива „Estee lauder“ пудра, „Bourjois“ (borzua) пудра, „Аrt deco“ римел, „Мenhetеn“ трајни кармини итн, долг е списокот. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Во несесер кој секојдневно го носам со мене, имам пудра, кармин, римел за коригирање на шминка. Додека во несесер спремен за подолг престој, буквално се ова горе наведено за нега и декоратива.

* Омилен парфем? 

- Парфеми кои во последно време ми се фаворит „Gucci guilty“, „Lancom la nuit tresor“.

* Како ја одржувате линијата?

- Линијата ја одржувам со редуцирана исхрана, долги пешачења во природа, претежно во планина и  во „Фигурела“.


Д.Караташова