Пред огледало со Тања Никова: Не сум љубител нa ботокс и филери, затоа инвестирам во квалитетна козметика

Добивај вести на Viber

Тања Никова е успешна жена која 30 години е во бизнис светот со производство на мебел во фирмата „Мебел Ников“. Ова дама специјално за Женски магазин ги откри своите ритуали за убавина. Вели, не е љубител на ботокс и филери, па затоа инвестира во квалитетна козметика, а кој е нејзиниот омилен парфем и со каква козметика ја одржува кожата убава и свежа, откријте во продолжение.

Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Утрото го започнувам со чаша млака вода, во која има додадено сок од лимон и една лажица органски мед. А, веднаш потоа го пијам утринското турско кафе со мед и цимет. Па, потоа започнувам со средување, односно чистам лице, нанесувам серум и дневна крема од брендот Estee Lauder.

Со какви препарати го негувате лицето?

- Во однос на шминкањето секојдневно користам течна пудра со лесна структура од брендот Estee Lauder, молив во тиркизна нијанса кој ми ги истакнува очите, кармин во „nude“ боја од брендот Maxfactor и руменило во песочни тонови.

За нега на лице од козметика ги користам повторно производите од брендот Estee Lauder, серуми и ноќен и дневен крем за лице.

Посетувате ли козметички салони?

- Не сум љубител нa ботокс и филери и затоа инвестирам во квалитетна козметика и во рутински третмани дермапен и ПРП со кои ја одржувам свежината и младоста на мојата кожа. 

Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- За мојата коса со години се грижи Студио Даци, препознатлива сум по мојата црна коса со средна должина, околу негата на косата немам што да кажам, бидејќи Даци води целосна грижа за неа. Но, сакам да потенцирам дека според мене средената коса е најважниот украс на женската глава и затоа ми е многу важно постојано косата да ми е уредна.

Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Мојата коса за мене е мојот украс, а најмногу ги истакнувам очите, користејќи молив за очи во тиркизна боја.

Кои се Вашите омилени козметички производи?

-Скоро сѐ што користам е од брендот Estee Lauder. Серуми за лице, дневна и ноќна крема, течна пудра за лице, сите овие производи кои ги користам секојдневно се од брендот Estee Lauder.


Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Секогаш со мене во несесер имам кармин од брендот Maxfactor – Lipfinity, моливче за усни и маскара.

Омилен парфем?

- La Belle - Jean Paul Gaultier

Како ја одржувате линијата?

- Па, можам да кажам дека немам потешкотии околу одржување на линијата. Јадам се што ќе посакам и никогаш не внимавам. Не се измачувам со диети или посебен режим на исхрана. Обожавам риба и морски плодови, консумирам повеќе овошје и зеленчук. Пешачам многу, тоа ми е позитивна навика. 


Н. Миланова