Предвреме роденото бебе ѝ починало во раце: Лошите резултати од првите тестови пристигнале дури по породувањето
Кели Редхед е мајка која неодамна се соочи со губење на нејзинотоновороденче. Таа сака да ја сподели својата приказна за доцните здравствени симптоми со што е можно повеќе луѓе, за да не му се случи истото на некој друг.
Имено, возбуда навлегла во семејниот дом на оваа 33-годишна девојка, кога во јуни 2023 година дознала дека е бремена по трет пат.
Но, по 18 недели од бременоста почнала да чувствува остри болки во стомакот. Отпрвин мислела дека се работи за грчеви, но сфатила дека ситуацијата е сериозна по неколку дена постојани болки.
Таа веднаш отишла во болница, каде што лекарите земале брисеви и примерок од урина, што покажало дека има габична инфекција - честа состојба за време на раната бременост. Иако не сакала да ја напушти болницата, лекарите ја испратиле дома, каде симптомите само се влошиле. Едно утро наеднаш почнала да крвари додека била во тоалет, па веднаш повикала лекари. Но, ѝ било кажано да биде внимателна и и биле дадени дополнителни инструкции.
- Следното утро не можев да станам од кревет поради болки. Тие станаа толку силни што ми се слоши и мојот сопруг веднаш ме однесе во болница, од каде повторно ме испратија дома да „одмарам“. Но мораа да ме примат кога почнав да повраќам. Бев преплашена. Докторите побрзаа и рекоа дека мора веднаш да ме прегледаат, да проверат дали имам трудови болки - изјавила таа за „NYPost“.
Брзото скенирање покажало дека грлото на матката се шири и бебето на Кели ќе се роди порано.
– Се расплакав и реков дека мојата ќерка не може да се роди бидејќи нема да преживее – продолжува таа.
Харпер-Роуз е родена на 14 септември 2023 година, на возраст од само 18 недели и три дена, првично се мрдала и дишела самостојно - но починала 30 минути подоцна во прегратките на нејзината мајка. Таа тежела само 0,4 килограми.
- Ја држев ќерка ми додека не умре. Беше ужасно. Тоа беше најлошото искуство во мојот живот и никому не би го посакала - се присетува таа.
Неколку дена по породувањето, таа добила повик од нејзиниот лекар, кој и ги кажал резултатите од земените брисеви кога првпат се пријавила во болница. Таа била позитивна на кламидија и гонореја, кои прераснале во воспалителна болест на карлицата.
- Паднав на подот и само липав. Да бев тестирана рано во бременоста, ќерка ми и денес ќе беше жива - вели несреќната мајка.
По дијагнозата, Кели закажала состанок со нејзиниот консултант, кој потврдил дека нејзината ќерка сè уште би била жива доколку имала ран скрининг за сексуално преносливи инфекции.
- Го прашав дали Харпер сè уште би била тука доколку претходно бев на комплетен преглед на СПИ, а тој ми рече: „Да, тие би можеле да ги лекуваат инфекциите и таа сè уште ќе беше со нас“, опиша таа.
Од многумина добила совет дека „не треба да прави скрининг“ бидејќи е постара од 25 години и е мажена.
Оттогаш, ожалостената мајка започна онлајн петиција за финансирање на скрининг на рана бременост за СПИ - што не е вообичаена практика за секого и покрај високите ризици што ги носат СПИ за бременоста.
Што се кламидија и гонореја?
Кламидија е полово пренослива болест која се пренесува преку бактеријата Chlamydia trachomatis. Се смета за најчеста сексуално пренослива болест, а симптомите понекогаш можат да бидат речиси незабележливи. Кламидија лесно и брзо се лекува, но доколку не се открие навреме може да влијае на плодноста на жената.
Гонорејата е слична на кламидија; исто така е сексуално пренослива болест и не може да се добие на друг начин освен преку интимен однос. Кај жените може да предизвика инфекција која го зафаќа грлото на матката и другите репродуктивни органи и се лекува со антибиотици.
Фото: Принтскрин ТиктокИзвор: Ona.telegraf.rs