Прегрнете го вашето дете секогаш кога се однесува лошо! Еве зошто!
Гушкањето на децата значи да им се покаже безусловна љубов и поддршка за нивните проблеми и чувства
Децата влегуваат во различни фази кои на родителите не им се баш јасни - пркосат, викаат, имаат изливи на гнев, плачење, необично однесување и агресивност. Родителите честопати немаат поим што да прават иако се повеќе од исцрпени и доведени до работ од ваквото однесување. Дали децата треба да бидат испратени во нивната соба? Да се воведат некои забрани и казни? Да викате? Да објаснувате? Да зборувате мирно? Но, што ако тригодишното дете не е сосема подготвено за мирен разговор?
Едно интересно решение се појави од еден експерт за совети, но и на многу родители кои го пробале тврдат дека делува. А тоа е дека детето во такви ситуации на детето добро би му дошла прегратка. Да, тоа е толку едноставно. Еве зошто прегратката изгледа како најдобро решение:
Децата учат подобро преку награди отколку преку казни
Разговорот за самиот проблем со прегратка е секогаш подобар одговор и реакција на проблемот отколку викање и казнување.
Понекогаш несаканото однесување е само крик за помош
Децата понекогаш не знаат како да ги изразат големите чувства на посоодветен начин или можеби ги мачи нешто друго што им предизвикува стрес и фрустрација. Прегратката може да биде утеха што им е потребна и да ја отвори вратата за да се започне дијалог.
Децата понекогаш имаат лошо мислење за себе и мислат дека не заслужуваат да бидат третирани добро, па затоа постапуваат на начин на кој мислат дека ќе добијат почит.
А кога ќе добијат повратна информација за нивното однесување во форма на фрустрација и лутина, почнуваат да се чувствуваат уште полошо и да имаат уште полошо мислење за себе, што создава маѓепсан круг. Со прегратка ги потсетувате дека грешката не е толку страшна и дека сите понекогаш грешиме и си простуваме.
Најдобар начин да ги поттикнете децата да соработуваат е преку меѓусебно поврзување
Со правилен однос, полесно е да се добие посакуваното однесување од децата и поголема е веројатноста тие да бидат отворени за соработка. Ќе има моменти кога децата не сакаат или не можат да соработуваат, но дури и тогаш прегратката е моќна алатка за повторно воспоставување на врската.
Љубовта кон децата е безусловна
Колку и да понекогаш не ни се допаѓа однесувањето на нашите деца, сепак ги сакаме бидејќи родителската љубов е безусловна. Нашите деца треба да го знаат тоа, а понекогаш и треба да се потсетат на тоа, особено кога имаат „пад на моралот“ и не се чувствуваат добро во своја кожа.
Некогаш ние возрасните сме тие на кои им е потреба прегратка
Кога нашите деца имаат испади, не повредуваат и кога веќе не знаеме што да правиме и како да постапиме, ние сме тие на кои им треба прегратка за да се смириме и да воспоставиме врска.
Извор: www.ringeraja.rs