ПРЕКИНАТ ВИКЕНД
Првпат во животот се чувствував самоуверена, зрела, возрасна, подготвена за живот и полна со елан и со љубов. Овој настан нè извади од колосек. Тишината беше завладеела во целиот хотел. Обично, во ова време од годината, било мирно, но врнежите пред две ноќи предизвикале од врв на планина да се стопи снегот и да се урне снежна лавина. Барем така се искажуваа неколку луѓе кои живееја во околината, а беа дојдени за припомош.
Во овие специфични околности, најтешко е кога си немоќен. Сакаш да помогнеш, но немаш како. Потребна е опрема, искуство и добри рефлекси. Тоа е правило за која било елементарна непогода.
Чекавме. Ги пронашле повредените и веднаш ги пренеле во хеликоптер и ги однеле до најблиската болница. Дојде информација дека биле во бессознание и дека биле смрзнати од снегот. Од снежната лавината затрупани им биле телата, рацете и нозете. Среќа било тоа што над главите на сите тројца имало мал слој снежна лавина и, така, можеле да дишат. Кога ја слушнавме веста дека се живи сите се израдувавме. Сигурно дека ќе бевме тажни и со грижа на совест ако не останеа живи. Радоста кога ќе се измеша со вознемиреноста се манифестира кај секој човек различно. Некои од нас се тресевме како гранки од ветар, други се обидуваа да јадат од поставената вечера, мажите се обидуваа да се напијат нешто жестоко.
Од хотелот имаа искуство со вакви немили настани и повикаа екипа на брза помош. На тие што имаа потреба, им дадоа лекови за смирување, им мереа притисок и шеќер. Почнаа и новинари да се јавуваат за да дојдат, но газдата од хотелот на некои им кажуваше да дојдат утре, а некои ги упатуваше кон болницата. Потоа, се јави газдата од хотелот во болницата за да се информираме како се повредените.
Дежурниот лекар му кажа дека повредените ги реанимирале и дека сега се ставени под апарати. Вечерта, ќе ја поминат под апарати и што ќе се случи понатаму, времето ќе покаже. Рано е да се предвиди што било бидејќи тоа зависи од здобиените повреди или смрзнатини. Најважно беше да поминат без големи здравствени последици.
Цело друштво се собравме. Планот за неделниот одмор ни се расипа. Се договоривме вечерта да преспиеме во хотелот и утредента откако ќе дадеме изјави на полицијата да се вратиме дома со оглед на тоа што ќе има многу луѓе. Марко се шегуваше со мене: „Кој е баксузот? Милка ти доаѓаш првпат?“ Очите ми се насолзија и му кажав: „Те молам, престани. Јас може да сум среќа, а не баксуз“. Поразговаравме уште малку и си влеговме во собите.
Се истуширавме и гледавме телевизија во собата за да ни се „легнат“ настаните во мозокот. Почувствував дека овај настан нè зближи уште повеќе. Мислам дека оваа моја милозлива енергија се префрли и кај Марко.
Стави сок во чашите. Седна до мене и почна да зборува: „Мила, животот носи и добри и лоши настани, но ако сме чесни и ако се почитуваме помеѓу нас, со меѓусебно разбирање и со радост ќе си ја одржиме нашата врска. Ниту ние нема да бидеме осамени бидејќи ќе се дружиме и ќе шетаме заедно, а воедно ќе ја направиме врската успешна. Сите моменти што ги поминавме заедно досега, иако не се многу, ќе си ги продолжиме и понатаму ќе станеме уште подобри и посреќни. Не треба многу, треба многу малку за да биде животот целосен и среќен. Се разбира, парите се оние што го водат светот, но, сепак, љубовта со вистинска личност ги лекува сите рани, ти го исполнува срцето и душата“.
Се тресев од возбуда. Всушност, единствено нешто во светот што го сакав, беше тој. Да ми кажат да одберам помеѓу Марко и бесценето богатство ќе го изберев него. Едвај проговорив: „Марко, знаеш дека те сакам од првиот ден. За мене ти си она што ми треба. Сакам да се развиваме заедно, да си одговараме во сè. Размислив и ќе се запишам на факултет. Учењето ми оди, а кога ќе бидам слободна и во викендите ќе одам со сестра ми да работам во фризерницата.
Марко беше пресреќен. Стана, ме крена во воздух и почна да ме врти како пируета. Ме бакнуваше по лицето. Потоа, ја стави таа убава рака во мојата кошула и ги ми галеше градите. Дишев длабоко и наизменично. Ја ставив раката помеѓу нозете. Му ги откопчав пантолоните, му ги спуштив, а неговиот орган веќе беше „дигнат“. Скаменет, набрекнат и лизгав. Беше совршен.
Сè ми се допаѓаше кај него. „Ох!“, воздивнав не можејќи да се контролирам. Прво, му го лижев од корен до врв, потоа, се посветив на лижењето на јајцата и на крај го лижев целосно. Почна да се тресе и ми ја држеше главата, малку диктирајќи го темпото. Уживав! Во неговите очи имаше нешто што ми даваше сила и искреност. Се наведна и ме фати за мојата слатка задница. Само што реши да влезе во мене, ми ги рашири нозете, топла течност почна да прска од неговиот тврд орган. Во тој миг, затропа вратата и оттаму се слушна глас: „Ајде луѓе, дојде полицијата да дадеме изјави“. Му одговорив дека ќе се симнеме за брзо време.
Марко ме прегрна силно и така прегрнати останавме неколку секунди. Му реков: „Ајде, да се истушираме и да се симнеме долу“. Отидовме во бањата, се истуширавме и потоа слеговме долу. Таму веќе беа сите.
Имаше двајца инспектори и нè прашуваа каде сме се движеле, што сме правеле, кој со кое друштво е дојден и пишуваа изјави. Останавме до доцна до ноќта.
Утрото се разбудивме подоцна. Ги спакувавме торбите и слеговме долу да појадуваме. Ресторанот беше преполн. Имаше дојдено и новинари. Состојбата на еден планинар беше критична, а на девојката и на другиот планинар беше подобра. Појадувавме и тргнавме накај дома. Не очекувавме да се случи, еден ваков тажен настан, но тоа е живот.
АНОНИМНА