Препорака на Европската агенција за лекови за АстраЗенека: Еве кој не би требало да ја прими таа вакцина
Во контекст на пандемијата, придобивките од вакцината ги надминуваат можните ризици за сите возрасни групи, но ставот на ЕМА е дека е подобро за младите луѓе да користат вакцини засновани на mRNA технологија
Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека треба да се избегнува давање на вакцината АстраЗенека против коронавирусот на постари од 60 години, поради стравувања од ретка појава на згрутчување на крвта, изјави денеска шефот на работната група на таа организација , Марко Кавалери.
Тој за италијанскиот весник „Стампа“ изјави дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува Ројтерс.
Кавалиери изјави дека, со оглед на тоа дека епидемијата се намалува и дека младите се помалку изложени на ризици поврзани со вирусот корона, ЕМА смета дека би било подобро за нив да користат вакцини засновани на технологија mRNA, како што се вакцината на Модерна или Фајзер.
Тој изјави дека препораката важи и за постари од 60 години и потсети дека Франција и Германија одлучија да ја избегнат АстраЗенека за постари од 60 години.